Епидемиолозите советуваат да се внимава на хигиената, која е клучна кога станува збор за зараза од коксаки.

Што е коксаки?

Kоксаки вирусите се едни од најмалите ДНК-вируси што можат да предизвикаат разни заболувања кај луѓето, особено кај децата. Постојат два вида на овој вирус – тип А и тип Б. Вирусот коксаки од типот А е многу посилен според дејството. Вирусот од тип Б, иако според дејството е послаб, се смета за потенцијално поопасен бидејќи може да го нападне срцевиот мускул и да предизвика инфекција со тешки и долготрајни последици.

Коксаки од тип А се нарекува и болест на рацете, стапалата и устата, додека вирусот од тип Б најчесто предизвикува главоболки, треска, болки во стомакот и белодробни тегоби. И двата вида коксаки можат да предизвикаат и менингитис (воспаление на мозокот), миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка).

Коксаки се пренесува единствено преку фекално-орален пат, па затоа и се нарекува „болест на нечисти раце“. Вирусите се излачуваат преку столица и се внесуваат орално (преку уста), односно преку нечисти раце кои не се добро измиени при случаен допир на фецес или столица во која ги има. Тоа најчесто се случува при менување пелени, чистење детски нокшири или тоалетни школки.

Најчесто болеста поминува лесно, но може да е и опасна

Не значи дека ќе се разболи секој што ќе дојде во контакт со коксаки вирусите. Над 90 отсто од инфекциите со коксаки поминуваат без никакви симптоми, и во тие случаи се работи за клинички неманифестирани инфекции. Но, инфекции од овие вируси предизвикуваат менингитис, миокардитис и перикардитис. Тие може да се развијат кај пет до 10 отсто од заразените. Кај пет до 10 отсто може да се развие и т.н. неспецифично долготрајна супфербилна состојба, односно состојба со благо покачена телесна температура (37-38 Целзиусови степени).

Иако не е научно докажано, коксаки вирусите се обвинуваат и за појава на некои облици на дијабетес или тиреодитис, односно воспаление на тироидната жлезда. Не е научно докажано ниту зошто коксаки вирусите некому му го разоруваат организмот, а кај други поминуваат речиси незабележано. Еден од факторите што влијаат врз тоа како ќе дејствува инфекцијата е самиот вирус кој циркулира и ја предизвикува, а другиот фактор е крајно индивидуалната реакција на имунолошкиот систем на нападнатиот човечки организам.

Се штитиме со хигиена

– За да се заштитиме од коксаки, мора да се внимава на хигиената. Плус треба и да се прави дезинфекција на (потенцијално) контаминирани предмети и површини. Меѓутоа, треба да се прави почесто проветрување на просториите, односно да се преземаат мерки исто како за кое било друго заболување што се пренесува по капков пат – вели проф.д-р Драган Даниловски, епидемиолог.

За спречување на ширењето, основна е личната и општата хигиена, како и постојано пребришување на подните површини со влажна крпа, за при чекорење да не се подигаат „облаци“ од невидливи честички прав (на кои може да има вируси), како и често проветрување.

– Лица или деца при кашлање или кивање, задолжително треба да го покриваат лицето или да не бидат дел од колективот (градинка, училиште). Епидемиолошкото значење на болеста е во тоа што кај одреден број болни може да се развијат сериозни компликации, како менингитис, енцефалитис, миоакардитис, перикардитис. Дури се споменува и дијабетес тип 1, иако за него нема цврсти докази. Плус, кај момчињата може да дојде до стерилитет, слично како кај паротитис (заушки) – објаснува професорот.

За болеста нема ниту вакцина ниту лек, се чека таа сама да помине, а се третираат симптомите. Контагиозноста, т.е. заразноста е висока.



912

X