Малите деца едноставно сакаат да се дружат со своите родители додека готват во кујната, а нивната љубопитност често може да има последици. Немаат развиено чувство за тоа што е опасно.

Една мајка доживеала траума додека правела чај и не можела ни да сонува дека тоа може да има такви компликации.

„Кога на мојот Лука му се истури полн котел со топла вода, немав поим дека следното утро ќе завршиме во брзата помош, а веднаш потоа на трансплантација на кожа. Направивме сè што знаевме и бевме сигурни дека Лука ќе закрепне без да оди на лекар, но сепак, дел од кожата на стапалото му се инфицира. Бидејќи раната изгледаше многу непријатно и го болеше, сфатив дека мораме да посетиме лекар. Дојдовме до брзата помош и откако отстранија дел од инфицираната кожа, не задржаа во болницата поради трансплантација. Тоа беше тешко и болно искуство за мојот Лука, а срцето ми беше скршено од болка“, вели мајката за своето неодамнешно искуство со нејзиниот тригодишен син.

Изгорениците кај децата се почести отколку што можете да замислите, без разлика дали се од пареа, директен извор на топлина, топла вода и многу други работи, па важно е да знаете кога да побарате лекарска помош, без одлагање.

Кога треба веднаш да побарате лекарска помош?

-Ако мислите дека вашето дете има изгореници што не се само површни.

-Ако изгореницата е голема (5-7 сантиметри). За секоја рана што изгледа дека покрива поголем дел од телото, јавете се на лекар.


-Не користете влажни облоги или мраз бидејќи тие може да предизвикаат пад на температурата на телото на детето. Наместо тоа, покријте ја областа со чиста, мека крпа.

-Ако изгореницата е од пожар, електрична жица, штекер или хемикалија.

-Доколку има изгореници на лицето, скалпот, рацете, гениталиите или на кожата над зглобовите.

-Ако изгореницата изгледа инфицирана (со оток, гној, зголемено црвенило или црвени ленти на кожата во близина на раната).

Извор



912

X