Истражувањата покажуваат дека гледање на цртани филмови со агресивна содржина може да предизвика насилно однесување кај децата.

Резултатите од истражувањето направено од Универзитетот Вашингтон покажуваат дека децата кои гледаат образовни и ненасилни цртани филмови се многу повеќе социјализирани додека оние кои гледаат насилни цртани филмови покажуваат знаци на агресија.

Сепак, и покрај агресијата која потсвесно влијае на мозокот и подоцна се манифестира во општеството, тука се и лошите зборови кои имаат негативно влијание кај гледачот.

Децата имаат проблеми со говорот

Статистиката покажуваа дека дури 63 проценти од децата на предшколска возраст има проблеми со говорно-јазичниот развој, а делумен виновник за тоа е и фактот што едно просечно дете дневно поминува до три часа пред малите екрани и дополнителни два до три часа во играње на видео игри. Сето тоа доведува до појава на цел спектар лингвистички, психомоторни и локомоторни пораметувања.

Ова се случува затоа што телевизијата и видео игрите се примери за еднострана комуникација во која децата со часови молчат додека вокабуларот на главните ликови од цртаните филмови соодветствува на деца до две години.

Од телевизијата се учат на насилство

Негативното влијание на телевизијата се зголемува и кога децата гледаат програмски содржини кои не се наменети за нивна возраст, затоа што детето не ја сфаќа смислата на приказната па вниманието го усмерува на насилство, кое подоцна при играње може да го имитира.

Потребна е поголема контрола

Истражувачите ги советуваат родителите сериозно да го зголемат вниманието околу тоа што точно гледаат нивните деца на телевизија. Најмалите учат од телевизијата, се поистоветуваат со ликовите па дури и со оние ликови од цртаните филмови.



912

X