Толстој напишал дека сите среќни семејства личат едно на друго, а дека сите несреќни семејства се несреќни на свој начин. Но, секое семејство со многу деца привлекува внимание. Милена Костиќ (38) од Нови Сад е навикната на тоа. Таа има пет деца. И веќе не се „правда“ зошто е тоа така. Луѓето непрестајно се чудат: како живеат, имаат ли пари за толку деца. Дури и обратно: дали ги имаат заради парична помош. Или е некоја религија во прашање?

Милена вели дека не спаѓаат во никакви екстреми и дека секој има своја мера во родителството, а нејзината е – петмина.

– Големите семејства ги следат табуа. Не е фер веднаш да нè ставаат на социјалните маргини само затоа што имаме три или повеќе деца. Некако секогаш се тргнува од претпоставката дека децата се случуваат, дека е невозможно некој при здрав разум да одлучи да има повеќе деца. На некој начин да почнеш да се правдаш – го раскажува таа своето искуство.

Со сопругот Александар Костиќ (38) ја оствариле заедничката желба за големо семејство. Се познаваат од гимназија, иако велат дека тоа не е љубов од училишните клупи, како што би се помислило, туку стигнала години подоцна. Нивното најмало дете има 1,5 година, а другите се на возраст од 3,5 до 9,5 години. Ирина, Лав, Анастасија, Николај и Катарина Лара. „Не сум некој русофил, но руската култура и уметност е она што ме фасцинира“, ги објаснува Милена имињата на децата.

– Да не е сопругот таков каков што е, никогаш не би се определила да имам пет деца, бидејќи за вакво нешто морате двајцата да бидете максимално вклучени – ја почнува Милена приказната. Веднаш го разјаснува и ставот кон паричната помош од државата. Користела некои мерки додека имала право, но мисли дека е „глупаво“ луѓето да се определуваат за деца само поради тоа, бидејќи децата остануваат многу подолго од таа помош во домот. Се сеќава дека за третото дете примала додаток. „Не можам да кажам дека не беше корисно, но кога ќе поминат тие две години, животот продолжува и без тоа“.

Во семејството Костиќ добрата организација е клучна работа. На некого ќе му се заврти во глава од нивното секојдневие, вели оваа мајка. Тројца одат во градинка, а двајца на училиште, па рано наутро почнува будењето, еден по еден, па облекување и носење. Попладне следуваат другите активности, па „од пет до осум навечер се менуваме во одвезување и довезување“. Милена, сепак, постигнува и да пишува свој блог и да го води здружението „Мајки новосаѓанки“, каде што членовите се организираат околу набавување половна гардероба за децата, ги претставуваат своите хобија и производи, разменуваат претприемачки искуства и имаат голема желба да покренат „Мама бизнис-клуб“, каде што оние што работат нешто од дома би можеле да одржат бизнис-разговор или да одржат едукација и презентација.

– Многу мајки имаат проблем околу чувањето деца. Или не добиваат место во градинка или не се вработени, а тоа е еден круг: не може да се вработи бидејќи нема кој да ги чува децата, или не може да платат чување, а почнуваат некоја работа… Има многу предрасуди во однос на тоа дека како мајки останувате „без половина мозок“, или дека амбицијата ви е нула. Велат – седите дома и чувате деца. Страшно – раскажува таа.

 

 

View this post on Instagram

 

ZAŠTO JE SUPER IMATI VIŠE DECE? Vežbanje moždanih vijuga. Po nepisanom pravilu izređaš imena sve druge dece pre no što potrefiš onoga na koga misliš. Niko od nas nije sam i uvek je neko tu za tebe. Putovanja su nezaboravna. U bilo kom smislu. Nikome nikad nije dosadno, jer ima nekog da se igra sa njim. Društvene igre možemo od malih nogu da praktikujemo. Ima nas dovoljno. Možemo da prođemo kao grupna poseta muzeju ili bioskopu. Proslave rođendana, Nove godine ili Uskrsa su prosto bajkovite. Posle par godina, kako rastu, dobijete besplatnu dadilju mlađe dece. Kućne poslove možete prebaciti i na “nejake” (naravno, isključivo jer ih učite da budu odgovorni, zar ne?). . Deca brže uče o deljenju sa drugima, saosećanju, praštanju. Vaše srce raste sa svakim novim detetom (bez obzira što vam se to čini nemogućim). _______________________ Jel bi vi dodali nešto? 🌼 _______________________ . #dnevnadozavelikeporodice #super3plus #datosusvemojadeca #mamabloger #mamapetorodece #mamaizmagareceklupe #365danainstagrama

A post shared by Милена Костић (@mamaizmagareceklupe) on

И сопругот и таа се вработени, но Милена сè уште на породилно отсуство. Таа е дипломиран инженер во менаџмент, а претходно апсолвирала на медицина. По породилното отсуство ќе се ориентира на пишувањето на блогот „Мајка од магарешка клупа“. Како од таа клупа одново со секое дете ги совладува лекциите за родителството. Социјалните мрежи се полни со екстремни ставови каде што сè околу мајката и децата е сјајно и идила, или пак многу тешко, а таа мисли дека со тоа идните родители однапред се плашат. – Се обидувам да бидам отворена и реална. Не сакам ниту „хејтање“, ниту преголемо воздигнување на улогата на мајките – додава Милена.

А не се баш толку „пеколни“ ниту оние денови кога сите во домот се заразени со грип. Впрочем, напишала Водич за преживување на настинките во големите семејства. Советува да го зачувате здравиот разум.

– Некогаш навистина не можете да ја издржите вревата, или сте изморени, настинати, па сеедно е дали имате едно или пет деца. Едноставно, животот е таков – вели Милена и се надева дека тие денови на заедничко поминато време ќе ја развиваат врската кај децата.

Автор: Снежана Ковачевиќ



912

X