Навистина сакате да одите на претставата за која долго време сте читале и вашата пријателка ветила дека ќе оди со вас. И одеднаш вели дека не може. Па се вознемирувате, тагувате, ѝ замерувате. Потоа помислувате да одите на прошетка во блиската шума со децата за викенд. И тогаш децата само ве „откачуваат“ и велат дека сакаат да прават нешто сосема друго. И пак се нервирате, им викате и ги терате да одат со вас, како што е договорено.

Па, време е за промена! Време е за теоријата наречена „остави ги“. Мотивациската говорничка Мел Робинс зборувала за оваа теорија во едно од нејзините видеа, кое станало вирално и било прегледано од над милион луѓе. Теоријата е толку едноставна што е многу важен дел од тоа зошто станала популарна. Не е лесно да ја усвоите веднаш, но кога ќе успеете…

Мел Робинс го вели ова: „Ако вашите пријатели не ве поканиле на ручек овој викенд, оставете ги. Ако личноста која навистина ве привлекува не е заинтересирана за врска, оставете ја. Ако вашите деца не сакаат да со вас на тоа место овој викенд, оставете ги.“

Зарем не ви звучи логично и толку едноставно? Да, не е лесно да се усвои таков начин на размислување, тоа е факт, но вреди да се обидете да размислувате вака. Затоа што, да бидеме искрени – не можеме да ги промениме другите, нели? Ниту да ги убедуваме во нашиот начин на размислување. Па, ако не се работи за нешто што е од витално значење, можеби навистина треба да размислите за тоа – оставете ги оние што ве разочаруваат. Со други зборови, не оптоварувајте се со убедување во спротивното и очекување промена.

Според перцепцијата на Робинс, премногу време и енергија се трошат на принудување на другите луѓе да ги исполнат нашите очекувања. Само едно едноставно „остави ги“ е далеку подобар одговор и начин на реагирање на ситуацијата. Особено во односите со пријателите, но и со децата.

„Вистината е, ако некој не е онаков каков што сакате или треба да биде, не обидувајте се да го принудите да се промени“, вели таа.

„Нека бидат тоа што се затоа што така ви откриваат кои се. Само оставете ги. Потоа можете сами да изберете што да правите следно“.

И зарем не е така? Немате ништо од убедување, немате ништо од тоа постојано да терате и молите и очекувате. Ако не сакаат да одат во шума – одете со некој што сака. И нека се снаоѓаат како знаат. Пријателите не ве поканиле на пијачка? Па што, оставете ги и одете кај сосетката да пиете кафе.

Едноставно – оставете ги.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X