Добра вест за родителите што се под стрес: притисокот да се практикува доењето можно е наскоро да се искорени. Познато е дека доењето им носи големи придобивки на бебињата, но начинот на кој им се пристапува на мајките за да им се помогне не функционира како што треба, пишува Алисон Ескаланте за „Псајколоџи тудеј“. Со години болниците во САД се принудувани да ги присвојат јавните политики – сет на мерки и методи што треба да го охрабруваат доењето. Иако сето тоа е „бејби френдли“ (за доброто на бебињата), сепак, повеќето родители го доживуваат и како нешто што им причинува дополнителен стрес. Ново истражување во областа педијатрија заклучува дека „бејби френдли“ не функционира како што треба.

Што значи „бејби френдли“?

Притисокот за доење е толку широко распространет, што секоја мајка која ја знам трепери кога ќе се спомене поимот. Почнува во пренаталниот период со лавина совети и слогани. А потоа на мајките им се даваат следните закани: дека нивното бебе нема да напредува или дека нема да биде доволно паметно ако тие не го дојат. Но, кога ќе го родат детето и исцрпените мајки ќе се соочат со шокот дека млекото нема да дојде во период од пет или повеќе денови, тогаш настапува обесхрабрувањето. Педијатрите и медицинските сестри во болниците го знаат тоа, а во минатото имало начини за да се поддржат мајките во овој ранлив период. Сестрите ги тешеле и го земале бебето за мајките да можат да спијат неколку часа. Мали количини од млечната формула им биле давани на бебињата за да се поттикне растот и да се намали стресот кај мајките.

Потоа дојде „бејби френдли“ опцијата, ознаката дадена во болниците кои се соочуваат со одредени критериуми околу доењето и промовираат здрав начин за хранење на децата. Наменета е да ја зголеми стапката на доењето, а со надеж и дека ќе ја намали стапката за дебелеење кај децата во иднина. Сето ова изгледало како добра идеја бидејќи се воспоставија обиди во 2011 година за вметнување на иницијативата во сите болници во Америка.

Но, тогаш некои педијатри почнаа да поставуваат прашања кои повеќе беа базирани на тврдења отколку на наука. Целта за подобра мајчинска грижа и поддршка за доењето е вредна, но практичната имплементација е различна приказна. За новите родители, „бејби френдли“ значи отсуство на поддршка. За да се подобри поврзувањето, бебињата се чуваат во собата со родителите, без разлика колку болка чувствува мајката во моментот или колку кенкаво е бебето. Млечната формула не се нуди лесно, а мајките што дојат не се испраќаат дома со примероци од млечна формула, во случај на бебето да му треба дополнителна исхрана кога мајчиното млеко не доаѓа во потребните количини.

Родителите под стрес и гладните бебиња

Културолошките пораки околу доењето имаат многу поголемо влијание врз новите родители отколку стресот кој им се создава во болница, бидејќи сестрите не им даваат време за пауза. Овие пораки го хранат критикувањето кој наметнува појава на перфекционистичко родителство. Пораката е дека мајките што не дојат ексклузивно ќе пропушат нешто што значи живот. На родителите им се вели дека мора да дојат и дека самиот процес треба да тече мазно уште од почетокот. Но, реалноста е дека доењето може да не функционира уште од самиот почеток, а мајката секогаш ќе биде обвинета дека не се обидува и труди доволно.

Пораката дека „мора“ да се дои бара голема емоционална стабилност, бидејќи не е лесно. Мајките често плачат бидејќи се изложени на тој притисок. Во мојата клиничка опсервација ваквиот притисок може да доведе до постнатална депресија. Сепак, се работи за црно-бело размислување, а тоа може и да доведе до анксиозност и депресија. Сето ова е спротивно на емпатија, најмногу кон себеси, која е докажано дека е клучна за доброто ментално здравје.

Иако сè повеќе болници во САД се обврзале на „бејби френдли“ ознаката, надежите за резултатите од доењето уште не се материјализирани. Неодамна при мониторингот на неонаталните состојби (проблеми кај новороденчињата за кои може да се превенира) се покажало дека тие состојби може да се причинети од препишаните барања од бејби-френдли ознаката. Според анализите на експертите, иницијацијата на доењето или поставувањето на бебето на мајчината дојка колку што е можно побрзо по раѓањето е позитивно поврзано со таргетираните исходи од доењето. Сепак, сè повеќе педијатри веруваат дека поддржувањето на бебињата и нивните родители со мали количини на формула од мајчино млеко всушност помага во самиот процес на доење. Минатата година студија покажала дека мали количини од формулата кај бебињата не пречат во доењето кај бебињата на возраст од еден месец, а кај многумина се намалува и стапката на болничка реадмисија.

Во практика гледаме дека родителите повеќе можат да прифатат „доволно добар“ пристап кон родителството, но во случаи кога не сме ригидни со наметнување правила околу доењето.

Извор



912

X