Навикнувањето на градинка или на училиште може да биде долготрајно и стресно. Доколку и по неколку недели детето не се навикнало на опкружувањето, треба да се испитаат причините.

Детето што измислува причини за да не оди во градинка или на училиште, родителите и воспитувачите често го сметаат за недоволно зрело и за разгалено. Додека лутењето, несигурноста и стравот се нормални реакции на новата средина во текот на првите неколку недели, физичките тегоби како главоболка, повраќање и болки во стомакот често претставуваат аларм за подлабок проблем, велат психолозите.

Вукашин Чобечиќ, психолог на Универзитетот за детска клиника во Тиршова, Србија, вели дека одењето во градинка или на училиште секогаш е нешто ново, непознато и потенцијално стресно. Доколку и по неколку недели од поаѓањето детето не се навикнало на опкружувањето, треба да се испитаат причините за тоа.

– Секој вид екстремна реакција што е побурна од вообичаената може да значи дека постои посериозен проблем во адаптацијата. Доколку вообичаениот начин на смирување на детето не функционира и постои неволност, нерасположение или физички тегоби, тоа значи дека е потребна соработка со детски психолог – вели тој.

Тој вели дека не е секое одбивање нужен знак за подлабок проблем, но ако постои образец што постојано се повторува, треба да се провери што е во прашање.

– Ако детето измислува причини да не оди во градинка или на училиште, треба да се исклучи можноста дека недоволно спие, дека не му се допаѓа храната или дека не се согласува со некои од врсниците. Тоа се проблеми што лесно се решаваат – вели Чобелиќ.

Времето за адаптација е индивидуално и зависи од секое дете поединечно, од неговиот карактер и возраста. Додека помалите деца побрзо се навикнуваат, кај постарите се појавуваат покомплексни емотивни и ментални реакции.

– Секое дете има различен степен на толеранција, исто како и возрасните. Некои градинки практикуваат децата да се запишат порано и се за адаптација без родители. Тоа е побрз, но постресен начин за навикнување. Подобро е работите да одат постепено, со присуство на родителите барем во првите два дена.

Родителот и воспитувачот треба да го охрабрат детето, да направат да се чувствува сигурно и да создадат интересна ситуација, колку што се во можност.

– Треба да му се објасни дека исто како што мама и тато мора да одат на работа, тоа мора да оди во градинка или на училиште. Треба да му се раскажуваат убави работи и дека го чекаат другарчињата. Треба да се потсети дека попладнето времето ќе го помине со родителите. Како и во другите ситуации, системот за награди кога ќе направи нешто добро, дава добри резултати – вели психолог.

Како и кај возрасните, и на детето може да му се случи да не му е денот. Родителот тоа често може да го препознае, повремено да попушти.

– Секогаш треба да се нагласува дека тоа е само еднаш, а наредниот ден детето мора да се врати на своите обврски. Таквите ситуации се во ред кога ќе забележите дека детето не е наспано или постои конкретна причина за лошото расположение – вели Чобелиќ.



912

X