Во Бардовци, Општина Карпош почна да работи новиот објект на градинката „Распеана младост“, клонот „Виножито“. Станува збор за проект кој е финансиран од Европската Унија, спроведен преку Светска Банка, а со учество и на Општина Карпош, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.

Градинката е на површина од 465 метри квадратни и со капацитет за згрижување на 78 деца. Дечињата од Бардовци и од овој реон на Карпош ќе имаат можност да бидат згрижени во подобри услови, со нови дидактички материјали и еко – играчки.

Фото: karpos.gov.mk

За новиот објект „Виножито“ добиен е грант од Светска Банка од 120.000 евра, а Општина Карпош учествувала со 321.957 евра буџетски средства.



912

X