По напуштањето на болницата со бебето, новите мајки се соочуваат со многу прашања. Едно од првите е како да се капе бебето дома, дали е потребно капење, која температура на водата му одговара и колку често треба да го капат. Важно е да ги знаете основните правила бидејќи кожата на бебето е исклучително чувствителна.

Во првите 14 дена по раѓањето се препорачува капење 2-3 пати неделно во времетраење од 5 минути. За тоа време не ви треба сапун, туку капете го бебето само со чиста топла вода. Кога станува збор за сушење на кожата по капење, не тријте го бебето со крпа и не бришете го грубо, туку само тапкајте го.

Бидејќи капењето за доенчиња и бебиња до една година се препорачува 2-3 пати неделно, секоја вечер пред спиење со памучна подлога натопена во топла вода избришете му ги наборите под брадата, на вратот, зад ушите, под пазувите, меѓу нозете и на крај избришете му ги гениталиите и задникот, секогаш од напред кон назад, во еден потег. Повторете колку што е потребно додека не се исчисти темелно. Кога кожата добро ќе се исуши, се нанесува тенок слој неутрален крем и добро се втрива. Капењето на постаро бебе може да трае десет минути, а треба да користите малку гел кој не создава многу пена и идеално нема сапун во него.

Како да го капам моето бебе и што треба да подготвам?

Просторијата каде што ќе го капите бебето треба да биде 24-26 степени. Температурата на водата треба да биде од 35 до 37 степени, а можете да користите термометар за вода за да проверите дали температурата е во ред.

Подгответе крпа со капа, облека, крем за пределот на пелените, комплет за нокти, четка и чешел, стерилни облоги, солен раствор, лосион или крем за тело. Бебето може да се капи на два начини: преку вашата рака додека падне папочната врвца, или лежејќи во кадата, под вашата рака.

Во кадата треба да има вода колку малку да го покрие телото на бебето. Бебето лежи на грб со крената глава и потпрено на раката на мајката, а висината на главата треба да биде околу 5 сантиметри над водата. Со нежни движења ги миете лицето, главата, рацете и телото на бебето. Гениталиите треба да бидат последни. Потоа следува плакнење со вода од бокал, а тоа треба да го прави другиот родител истурајќи вода на главата, телото и на крај на нозете на бебето.

По капењето, завиткајте го бебето во памучна крпа со капа и нежно тапкајте за да се исуши. Потоа нанесете хидратантен крем на кожата бидејќи тогаш може да апсорбира најмногу влага. Не мачкајте го целото тело на бебето. Исчешлајте му ја косата со четка или чешел.

Капењето секогаш треба да се прави во исто време, што е знак за бебето дека е време за спиење потоа.

Како да го исчистам бебето кога му ги менувам пелените?

Секојпат кога ќе ја менувате пелената, треба да го исчистите пределот на гениталиите на бебето. Кога само се мочка, доволно е да ја избришете кожата со памук натопен во топла вода. Но, кога има измет, содржината што останала отстранете ја со памук натопен во топла вода, а потоа измијте го со топла вода.

Не заборавајте дека нечистотијата може да се заглави во наборите на гениталниот дел и дека тоа може да биде причина за инфекции на кожата и уринарниот тракт.

Извор



912

X