Оние родители што премногу се грижат и се премногу фокусирани на своите деца, можеби треба малку да намалат со сето тоа – студија од Државниот универзитет во Флорида открива дека претераната грижа може да има негативно влијание врз децата и да доведе до преголемо оптоварување кај нив.
Во студијата се истражувало како претераната грижа на родителите може да ги повреди младите, откривајќи дека претераното вмешување на родителите им штети на децата со тоа што им се намалуваат можностите за развивање и справување со емоционалните и бихевиоралните вештини.
Пет начини да бидете посовесни родители
Во рамките на студијата биле анкетирани повеќе од 400 студенти на возраст од 18 до 29 години за да се дознае повеќе за нивното одгледување и какви биле нивните чувства додека биле ученици. Целта била да се оцени однесувањето на родителите, со посебен фокус на претераната грижа за децата. Резултатите покажале дека децата чии родители во текот на детството ги контролирале се чувствуваат беспомошни, безнадежни и огорчени, што доведува до тоа помалку да се трудат на училиште и подоцна често не успеваат да завршат факултет. Заклучиле дека претераната родителска грижа, особено кога е таков и таткото, е блиско поврзана со чувството на преоптоварување.
Френк Финчам, професорот и директор на универзитетот во Флорида, кој го спровел истражувањето, тврди дека децата од родители што премногу се грижат подоцна во животот развиваат негативни чувства и кон образованието, како што се беспомошност, безнадежност и огорченост.
– Преоптоварувањето е одговор на константниот стрес што им се наметнува на децата бидејќи им се троши енергијата и им се намалува продуктивноста. Тоа доведува до намалено чувство за своите достигнувања – вели професорот.
Авторката на студијата, Хејли Лов, вели дека тоа продолжува и кога ќе го завршат образованието.
– Тогаш децата чии родители премногу ги контролираат си заминуваат од дома и сами создаваат семејство – вели Лов.
Автор: Кајл Шницер