Игротека

Како се развива бебето во првата година?

Во текот на првата година детето го минува патот од лежечка положба, без можност да се подигне од земја, до моментот кога само ги прави првите чекори. Основниот двигател на оваа фаза на развој е желбата за движење и станување во исправена положба.

Новороденчето покажува мала варијација во однесувањето: тоа е будно, мирно, заспано, раздразливо или плаче.

Во првиот месец, кога е на стомак, бебето малку ја крева брадата од земја и ја врти лево/десно. Ги свиткува рацете и нозете, се обидува да „ползи“ (примитивно ползење), го следи погледот на големите предмети во радиус од околу 90 степени и во овој период почнува да одржува рамнотежа.

Во вториот месец почнува да ја отвора тупаницата, кога е на стомак ги подигнува подлактниците, ги крева главата и градите, ги следи со поглед предметите со светли бои во радиус од 180 степени.

На 3 месеци бебето почнува да ја контролира главата, има подобра симетрија во лежечка положба, ги допира колената и нозете. Горниот дел од телото станува постабилен, а нозете се подвижни. Се развиваат движења на рацете. Се возбудува кога ја гледа играчката со светла боја и ги подава рацете во правец на понудената играчка, кревајќи ги нозете од земја. На возраст од три месеци се јавуават т.н. социјална насмевка и првите низи од слогови.

Од 4 месеци до половина година – лежи рамно на грб, ги крева главата и рацете, се исправува

На 4 месеци бебето лежи директно на грб и изведува движења за фаќање со рацете и нозете. Поради недостиг на дисоцијација на карлицата и колкот, движењата на горниот дел од ногата ги диктираат движењата на карлицата. Подготвено е за движење на ротација, и во оваа фаза на моторички развој се препорачува играње на една страна. На 4,5 месеци детето седи со поддршка.

Во петтиот месец, кога бебето е на грб, се активираат торзото и главата кога се повлекува детето за рацете. Ги става нозете високо и може да ги допре двете нозе. Кога е на стомак, бебето почнува со „пливачка активност“. Ова обезбедува сензомоторни искуства за исправување. На крајот од петтиот месец се случуваат првите обиди за доброволно свртување.

На 6 месеци детето е стабилно на грб, ја крева главата од земја, има повеќе активност во карлицата, развиена е сензомоторната интеграција на раката што се отвора широко. Од лежечка положба, ги крева главата и рацете со испружени лакти. Кога се држи во стоечка положба, ги крева и спушта нозете како кога скока. Може да држи предмети со двете раце.

Од 7 месеци до една година – седење без поддршка, одбранбени реакции, ползење, одење

На 7 месеци бебето седи без поддршка и го витка телото кога посегнува по играчката. Се развиваат одбранбени реакции. Одржува стоечка позиција со скокање и клекнување. Го открива своето тело, па дури и палецот од ногата го става в уста. Во лежечка положба ротира еднакво добро од грбот кон стомакот од двете страни. Ги зграпчува предметите со палецот и малиот прст. Во овој период почнуваат првите обиди за лазење.

На 8 месеци со добар мускулен тонус на грбот седи беспрекорно. Од лежечка положба на грбот успева да седне. Го ротира телото од една на друга страна. Бара играчки што не се видливи околу него. Се крева од стомакот до дланките и прстите („позиција на мечка“).

Во деветтиот месец почнува да ползи, се подигнува и е во стоечка положба со придржување на дел од мебелот. Кога фаќа нешто, користи фини движења со прстите. Преку играта, бебето му додава предмети на друго лице. На 10 месеци, од позиција на четири нозе, ползи, седи или се крева и колку подолго стои, толку подобро одржува рамнотежа. Со фино држење, зема и вметнува помали предмети во садот. Поединци одат со придржување.

На 11 месеци бебето изведува „мечкино одење“. Може да стои и оди со придржување. Може да додава со топка. Игра игри со ставање предмети во соодветна дупка и со тоа дополнително вежба фини моторни вештини.

Во 12. месец оди со држење, подигнува предмети од подот, става и вади предмети, успешно фаќа помали предмети. Може да направи и неколку чекори самостојно.

Во периодот од 13 до 15 месеци повеќето деца одат. Првите чекори се нестабилни, нозете широко раширени, стомакот фрлен напред, рацете испружени за рамнотежа.

Сите деца паѓаат и растат со неисцрпна енергија и жестока желба и продолжуваат да освојуваат нови предизвици и неистражени простори.

Автор: Теа Сукрешки
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top