Ако детето сака да оди во казино, сите родители би се загрижиле, но кога децата нонстоп бараат телефон или цртани, родителите не сфаќаат дека тоа е многу слична зависност. Откако постојат мобилните телефони, родителите можат на мир на ручаат, да пијат кафе, да се дружат, да работат, да средуваат низ домот, да готват, да читаат весници или, исто така, да гледаат во телефон… Не би било страшно родителите да си „купат“ малку мир понекогаш, но ситуацијата е многу полоша. Секој конфликт, секое несакано однесување, секој залак… се сервира низ полунесвесна состојба на детето, бидејќи тука е шарениот телефон. Тоа е чиста измама на детето, ако ме прашувате мене.

Многу родители им даваат на бебињата и постарите деца телефони и со тоа се притиска „стоп“ на развојот на децата, на создавањето незаборавни спомени, стекнување нови искуства и нивниот ум се преселува во виртуелен свет, каде што децата се набљудувачи.

Кога ќе се свртам назад, недвосмислено сфаќам дека кон остварувањето на сите мои желби мост беше моќта на комуникацијата и сфаќањето на меѓучовечките односи. Друга мајка на мудроста што ја уочувам е трпението. Ништо без трпение. Беше тоа тешка лекција за мене. Трета, без која не се може во ниту едно општество, е компромисот. Без компромис нема брак, кумство, ниту професионална соработка.

Старите велат: „Да ги имам твоите години, а ова искуство, би знаел како да го искористам животот“, но секоја млада генерација има свое искуство и на него ја гради иднината. Се прашувам, што ќе се случи со децата кои немаат искуство без телефон како место за собирање на врсниците, па слободно можеме да кажеме дека „годините поминуваат, а искуства нема“.

Четвртата и петта кралица на успехот се волјата и упорноста. Дури и ако си прв во редот за некој талент, без волја и упорност, „можеш да се сликаш“. Исто е и со образованието, започнувањето бизнис… А упорноста и волјата незабележливо се градат низ детството. Или со површните уживања, кои ги овозможува модерната технологија, речиси целосно се блокираат. Дали тие деца се подготвени за поминување на слободното време без стимулатори отстрана? Дали може да ја поднесат досадата? Познато е дека досадата им ги развива креативноста и фантазијата на децата. Токму тоа се шестата и седмата блокада на мојата листа.

Проблем се видот, грбот, виртуелниот свет и виртуелниот идентитет… но најголем проблем, според моето мислење, е што детството поминува покрај тие мирни, молчаливи лица во развој кои не се движат. Проблемот е во пропуштањето. Го пропуштаат детството, а и животот, кој нема реприза. Се прашувам, што би се случило кога одеднаш децата би останале без телефон? Дали сме ги научиле пристојно да седат на маса и да јадат (или ги пропуштиле тие лекции)? Дали се способни самостојно да играат подолго од половина час? Дали се запознале себеси? А ги познавате ли вие вашите деца во реалниот свет? Дали сте го почувствувале животот или само вештачкиот свет на стимулации?

И ги прашувам сега родителите гласно: Дали би им дале лекови, кои исто така ги смируваат, да не ви пречат, да молчат и несвесно да голтаат храна, ништо да не бараат и никогаш да не им е досадно, да не им треба друштво, контакт со вас… ништо да не им треба освен тие магични лекови??? Се надевам дека ова ви звучи страшно и дека одговорот е „не“. Но, можеби сте направиле многу слична работа. Сте ги сопреле животот и развојот на своите деца поради мал моментален мир.

Наместо да бидат главни и најактивни јунаци на сопствениот живот, децата станаа неподвижни и молчаливи набљудувачи, без никакви дополнителни желби.

Што сè пропуштаат тие деца! Не се тие виновни и баш ми е жал.

Автор: Снежана Голиќ, педагог



912

X