Порано во стариот свет, понекогаш се прашував дали моите синови (8 и 9) имаат недостиг на слободно време и опуштање поради сите тие активности по училиштето, планови за викенд, роденденски забави и слично. Потоа се појави пандемијата и нивните животи, како и на сите нас, се трансформираа. Одеднаш имаат многу повеќе време. И додека јас се обидував да ги заменам тие изгубени договори за играње и спортски активности со духовно хранење, социјално дистанцирани активности како читање, готвење, велосипедизам, уметнички проекти и слично, со текот на времето дојдовме до границата. Мене ми требаше време за да работам и за други возрасни работи, а тие копнееја по играње со своите пријатели. Правилата за поминување време пред екраните почнаа да се олабавуваат.
Не ги прочитав сите студии за влијанието на екраните врз децата. Само знам дека кога моите синови ќе седнат пред ТВ без претходно да трчаат и да ја потрошат енергијата, се однесуваа лошо. Како мали кученца се – ако не ги изнесеш надвор, тие ќе се глупираат по мебелот и слично. Па, само сме ги елиминирале екраните за време на неделите и сме биле прилично опуштени за време на викендите. За нас, тоа функционираше. Но, во март кога и училиштето стана онлајн-искуство, сите тие правила исчезнаа. Децата почнаа многу да играат виртуелни игри со пријателите. Се чувствував лошо што морав да ги оттргнам од единствената социјализација ШТО ја имаа. Иако тоа ми овозможи да се грижам за нивната 2-годишна сестра и да работам. Чувствував вина и затоа што морав да кажам „не“ не многу работи изминатава година.
Работите почнаа да излегуваат од контрола. По цел ден беа онлајн. Тоа започна да влијае врз нивното расположение и однесување. Секојпат кога ќе им речев да ги исклучат уредите и да играат надвор, тие се расправаа и се жалеа. Поминуваа цел ден прашувајќи кога ќе можат повторно да се вклучат. Откако ги заспивав една вечер по тежок ден, се чувствував многу фрустриран. Како дозволив ова да излезе од контрола? Мојот сопруг и јас формулиравме едноставен план – ги остававме да играат попладне од 17 до 18 часот, пред вечера. Еден час, без исклучок. Поентата беше во тоа да се биде цврст и конзистентен.

Тие беа ужасни со денови, фрустрирани и вознемирени. Плачеа, беа лути, кажуваа милион причини зошто тоа не е фер кон нив. Дури беше и смешно. Но, по неколку дена почнаа да се навикнуваат на новата рутина. Почнаа да ги вадат старите играчки и картички, коцки, да измислуваат нови игри заедно. Заспивањето стана полесно и сонот им се подобри. Изгледаа посмирени. Беше навистина шокантно да се види колкава разлика има кај нив по намалувањето на времето пред екраните.
Целото ова искуство ме натера да размислам за тоа колку се обидував да ја менаџирам нивната среќа и колку може да биде тешко да се балансира што е она што е добро во моментот и она што е добро на долг рок. Сите сакаме децата да ни се среќни. Но, како што книгите и студиите за бихевиорална психологија индицираат – среќата е покомплицирана отколку што мислиме. Понекогаш, преку ублажување на непријатноста на нашите деца ние може да им ги одземеме можностите да изградат отпорност. Лесно е да се чувствувате како лоша мајка кога децата се вознемирени. Како нивното расположение да е наша одговорност. Но, вистината е дека е доволно тешко да си ги контролираме само нашите чувства, а навистина е во ред – сосема природно – да се биде фрустриран, лут или разочаран понекогаш. На долг рок, важно е за децата (но и за сите нас) да бидеме способни во соодветното справување со тие неизбежни емоции.
Автор: Дејна Авидан Кон