Секој родител се соочува со проблемот „дете – работа“ во животот, но доволна е само мала помош и сѐ ќе си дојде на свое место.

Подредувајќи ги старите писма од мајка ми, се сетив на нешто за што таа сакаше да ми кажува, одвреме-навреме.

Мајка ми ме роди само мене. Доцна се омажила, па лекарите ѝ забраниле да раѓа. Но, таа не ги послушала, туку на своја одговорност, и сопствен страв, ја изнела бременоста до шестиот месец и дури потоа отишла на преглед.

Бев барано дете. Дедо и баба, татко и мајка, па дури и полусестрата – сите ме обожаваа, мајка ми не дозволуваше да падне влакно од главата на синот единец.

Мајка ми ме однесе во градинка. Но, таа одеше на работа навистина рано, па за да стигнеме таму, моравме да ги фатиме првиот утрински трамвај и автобус, а тие главно секогаш беа возени од исти возачи. Се симнувавме од трамвај, мајка ми ме носеше до капијата на градинката, ме предаваше на учителката и потоа трчаше до станицата и… го чекаше следниот трамвај.

Неколку пати доцнеше на работа, па ја предупредија дека може да добие отказ, а бидејќи како и сите – живеевме скромно, не смеевме да зависиме само од платата на татко ми, па мајка ми стегна срце и смисли решение: да ме остави на станицата со надеж дека на тригодишна возраст сам ќе можам да одам до капијата на градинката.

Се испадна добро првиот пат, иако тие неколку секунди беа најдолгиот и најлошиот период во нејзиниот живот.

Таа се сврти и трескавично трчаше околу полупразниот трамвај за да види дали сум влегол низ капијата или сè уште шлапкам со зимските чизми, бундата, шалот и капата.

По некое време, мајка ми наеднаш забележа дека трамвајот од таа страна се движи многу бавно и забрза дури кога веќе ја поминав капијата. Тоа траеше сите три години, кога одев во градинка. Мајка ми не можеше, а не се ни обиде да најде објаснување за тоа непишано правило.

Најважно е дека нејзиното срце беше на вистинското место.

Дури по неколку години, кога тргнав на училиште, целата работа стана јасна. Мајка ми и јас отидовме кај неа на работа, а госпоѓата од трамвајот одеднаш ми рече:

-Здраво малечко! Многу си пораснал! Се сеќаваш ли како мајка ти и јас те испраќавме во градинка?

Оттогаш поминаа многу години, но секогаш кога поминувам покрај станицата „Дубки“ се сеќавам на таа мала епизода од мојот живот и срцето ми се загрева поради добрината на една непозната жена, која секој ден, апсолутно несебично, правеше по едно мало добро дело – со задржување на целиот трамвај во име на мирот за сосема непознато лице.

Автор: Сејмон Сејмонич

Извор



912

X