Здравје

Како влијае храната врз здравјето на забите кај децата?

Кога размислуваме како да го зачуваме здравјето на нашите заби и на забите на нашите деца, најчесто ни паѓа на памет миењето на забите и редовните посети на стоматолог. Меѓутоа, она што го јадеме секој ден има огромно влијание врз нашето орално здравје, можеби дури и поголемо отколку што мислиме.

Храната која е богата со шеќери и киселини, како што се газираните пијалаци, слатките и брзата храна, поттикнува размножување на штетни бактерии во устата. Тие бактерии произведуваат киселини што доведуваат до кариес. Особено е опасно честото јадење на слатки помеѓу оброците бидејќи тогаш забите немаат време да закрепнат.

Најголем непријател на детското орално здравје е кариесот, кој настанува кога бактериите во устата ги разградуваат шеќерите од храната и произведуваат киселини кои ја оштетуваат глеѓта. Намирниците што се богати со шеќер (слатки, газирани сокови, индустриски сокови, колачиња) го зголемуваат ризикот од кариес. Честото грицкање или пиење засладени пијалаци преку ден ја одржува киселоста во устата и го отежнува процесот на реминерализација на глеѓта.

Консумирањето газирани пијалаци и други кисели производи може да доведе до забна ерозија. Станува збор за хемиско оштетување на забната глеѓ без присуство на бактерии. Долготрајната изложеност на ниска pH-вредност доведува до губење на минералите од забите.

Од друга страна, правилната исхрана може да биде вистински сојузник во зачувувањето на забите. Млеко, сирење, јогурт, ореви и зеленчук богат со влакна помагаат во реминерализацијата на глеѓта и го поттикнуваат лачењето на плунката, која природно ги штити устата. Витамини како што се Ц и Д, калциумот и фосфорот се клучни за здравјето на непцата и цврстината на забите. Се препорачува консумирање вода и млеко како побезбедни пијалаци за забите. Заменувањето на соковите со вода преку ден значително го намалува ризикот од развој на кариес.

Децата што од рана возраст развиваат навики за правилна исхрана, подоцна поретко се опседнати со нездрави грицки.

Исто така, правилната исхрана придонесува за навремено и здраво појавување на забите, развој на вилиците и правилно распоредување на забите (превенција од ортодонтски проблеми).

Здрави навики што треба да се поттикнуваат кај децата

  • Редовни оброци и избегнување чести меѓуоброци;
  • Ограничување на внесот на шеќери, особено помеѓу оброците;
  • Воведување свежо овошје и зеленчук (како што се јаболка и моркови);
  • Консумирање млечни производи и храна богата со влакна;
  • Пиење вода наместо сокови, газирани и засладени пијалаци;
  • Ограничување на јадењето благо;
  • Правилно миење на забите најмалку двапати на ден;
  • Редовни контроли кај стоматолог.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top