Како да спиеме во бременоста и по раѓањето на нашето дете се прашања кои се почеток на многу дијалози меѓу мајките. За да дознаеме кои позиции да ги заземеме, со цел поефективен одмор и освежување, подготвени сме да го послушаме секој совет. Иако е познато дека нашиот одмор е сериозно компромитиран со раѓањето на бебето, дури и за време на бременоста, спиењето не е шега. Со растот на стомакот, наоѓањето удобна положба од која нема да нѐ боли грбот е вистински предизвик.

Докторката Елса Виора, гинеколог, дава совети како да спиеме во бременоста и информира дали има препорачани пози и пози што треба да се одбегнуваат. Често, всушност, покрај обичниот фактор на удобност, ние сме загрижени дека позата во текот на спиењето може да му наштети на здравјето на фетусот.

Како да спиете во бременоста: позиции и совети

Како да спиете во бременоста и дали има пози и совети што треба да ги следите, во зависност од тримесечјето – се прашања кои најчесто си ги поставуваме. Гинекологот д-р Виора ги разјаснува работите. Мора да се каже дека немаат сите проблеми со заспивањето и добриот сон во текот на бременоста, освен можеби во последните неколку недели, што се случува благодарение и на емоционалното оптоварување. Некои жени страдаат од вистинска несоница во бременоста, па очигледно, како и секогаш, важно е, доколку ситуацијата не е повремена, да разговараме со доверлив професионалец за конкретни совети за нашиот случај.

Стомакот станува пречка за спиењето. Топлината, влажноста или прекумерниот студ, исто така, можат да станат соучесници, во зависност од сезоната.

„Првиот совет е спиење во позата во која жената се чувствува најдобро. Во овој случај важи принципот – ако мајката е добро, и бебето е добро. Едноставно на мајката мора да ѝ биде удобно и да спие во позата што најмногу ѝ се допаѓа. Како што расте бебето, ќе дојде време кога мајката веќе нема да може да спие на грб, со стомакот нагоре, бидејќи матката ѝ тежи врз грбот и го попречува враќањето на крвта од вените во срцето. Ова ќе предизвика чувство на непријатност кај жената, како да е пред несвестица (вжештена сензација, вртење во главата и слично): нашето тело ни кажува да ја смениме положбата. Кога тоа ќе почне да се случува, жената, која повеќе не може да спие на грб, природно ќе ја преземе положбата на страна. Нема разлика помеѓу десната или левата страна, така што секоја е во ред“, вели д-р Виора.

Колку часа да спиете во текот на бременоста

Како и за хранењето во текот на бременоста, за што погрешна е идејата дека бремената жена треба да јаде двојно повеќе, може да се згреши на ист начин и во однос на одморањето. Иако, неизбежно е да бидеме поуморни во бременоста, уште повеќе кога имаме и други мали деца за кои треба да се грижиме, тогаш откриваме дали навистина на сите ни се потребни повеќе часови спиење од нормалното.

Покрај тоа, вреди да се запамети дека сексуалните односи може да се практикуваат до крајот на бременоста. Гинекологот ќе каже кога и дали има некакви пречки. Дијалогот со професионалецот кој нè следи мора секогаш да биде отворен и за поставување ваков тип прашања, бидејќи она што важи како општо правило треба да се продлабочи во поединечни случаи.

Препорака на позиции

Нашата грижа за здравјето на бебето расте со текот на времето и не нѐ напушта дури и кога спиеме. Стравот на многумина од нас е дали одредени позиции ќе ја компромитираат неговата благосостојба. „Општо земено, не. Нема опасни положби за бебето, кое е добро заштитено со абдоминалниот ѕид на матката и плодовата вода. Очигледно, претходно кажаното останува валидно во однос на лежечката положба. Важно е да го слушате вашето тело“, вели д-р Виора.

Како да спиете во случај на болки во грбот

Во бременоста, особено како што се приближува датумот за породување и со зголемувањето на тежината на стомакот, многумина од нас страдаат од болки во грбот. Во овие случаи нема да биде лесно да заспиете бидејќи секоја поза може да биде извор на поголема болка. Без разлика дали станува збор за освежувачки микроодмор попладне, на каучот дома или долга ноќ во голем кревет, би можеле да страдаме, дури и при едноставна промена на положбата. Па, како да го надминете тоа?

„Некои жени сметаат дека е корисна познатата перница за бременост. Тоа е многу субјективно, ако на жената ѝ е пријатна перницата, може да ја користи, но не се препорачува, ниту се смета за задолжителна. Некои од нив имаат повеќекратна употреба и можат да станат перници за доење, но ова е сосема субјективна предност. Кај жените што страдаат од болки во грбот или карлицата, може да биде корисно да се користи перница во форма на клин, да се стави под стомакот за да се подобри квалитетот на спиењето и да се ублажат симптомите. Одредени вежби се покажале како ефикасни во намалувањето на тегобите кај жените со карлична болка, која се јавува при превртување во кревет“, вели д-р Виора.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X