Знам дека поминувањето многу време пред екраните е лошо за децата, особено за најмалите. Но, како да си овозможам време за себе без телевизија? Мојот сопруг постојано работи, а јас го користам тоа време да ги завршам домашните обврски. Како да најдам начин да медитирам, читам, или да учам без да го користам телевизорот? Мојата ќерка има соба за играње и во неа има одлични играчки, но таа постојано бара некој да си игра со неа, особено сега кога мора да се намалат контактите, па остануваме само јас и таа. Исцрпена сум, но не сакам да ја направам зависна од телевизија. Помош! – вака мајка “влиску до пергорување“ го опишува својот проблем, а одговорот ѝ  го дава клиничкиот психолог Емили Едлин.

– Времето поминато пред екраните станува нешто „лошо“ во светот на модерно родителство, предизвикувајќи страв кај родителите за штетата што можеби ја правиме ако го седнеме нашето дете пред ТВ. Сепак, се сеќавам на мојата рутина по училиште, во 80-тите години која се состоеше од седнување покрај телевизорот за да гледам серии додека не се вратат моите од работа. Никој тогаш не ги броеше часовите.

Не сме веќе во тој период, а идејата за време поминато покрај екраните се трансформира од седење пред ТВ до визии за тоа како едно 10-годишно дете игра видеоигри 12 часа без да трепне. Како дел од обидот за преживување за време на карантините со нашите деца, многумина си помислија дека треба да се престане со ограничувањата на времето поминато пред електронските уреди.

Што велат истражувањата?

Родителите ја застапуваат таа генерална идеја дека времето пред ТВ е лошо за децата, но што точно ќе се случи во мозокот на моето дете кога ќе му го додадам „ајпадот“, а вклучително да се земе предвид и чувството на вина кај родителот? Американската академија на педијатри препорачува децата под 18 месеци да не користат екрани, а децата до максимум 5 години да поминуваат 1 час дневно пред екраните, со внимание од страна на родителите. Реалноста е дека науката по ова прашање постојано напредува, но сè уште има и непознати работи, како и измешани откритија за негативните и позитивните ефекти. Кои се разликите помеѓу типовите екрани и нивните ефекти врз децата? Дали некои деца се поранливи на негативните ефекти отколку другите? Што е она што се менува конкретно во мозокот на децата? Националниот институт за здравје во САД најавува студија која се спроведувала една деценија, со 11 илјади деца кои одговарале на прашања, но ќе треба да се почека на резултатите. Во меѓувреме, Американската академија на педијатри советува да не се грижиме толку околу поминувањето време пред екраните за време на глобална пандемија.

„Времето за мене“ е есенцијално

Секој ден сум благодарна што во оваа пандемија моите деца не се малечки. Можам да смислам неколку идеи за да го остварите времето за себе без ТВ, но искрено, за тоа ќе треба многу повеќе работа, а може и да не функционираат. Времето за себе, по кое копнеете, е сепак есенцијално за вашата благосостојба и треба да ви биде приоритет. Не само време за вас како мајка, туку и како личност, дури и да се работи за 20 минути дневно, тоа е полнење на батериите без кое не можете. Вашата ќерка е среќна што има толку посветена мајка, но ќе бидете уште позабавна, трпелива и присутна како мајка ако си одвоите и време само за себе и ваше задоволство.

Дури и ако тоа значи да го запалите телевизорот. Всушност, истражувањата покажуваат дека може да има придобивки од едукативните програми. Децата може да научат социјални и емоционални вештини од анимирани ликови и дури да вежбаат когнитивни вештини. Вие и вашата ќерка можете да гледате заедно некои такви програми, па да се чувствувате сигурно дека вашата ќерка гледа соодветни работи на ТВ.
Повеќето од емисиите за мали деца не траат подолго од 20 минути. Па ова време сигурно нема да го претвори вашето дете во зависник од телевизија. Таа ќе сака повеќе, но вие можете да го ограничите времето на една или две емисии, па детето ќе се приспособи. Исто така, може да реализирате и средба на „Фејстајм“ со друг член од семејството или пријател кој ќе зборува со вашата ќерка.

Заклучок

Можам самоуверено да кажам дека вашето дете нема да се претвори во зависник од ТВ ако гледа малку повеќе овој период. Медиумите за малите деца може да отворат нови светови – да ги запознаат со различни идеи, начини за размислување и учење. Станавме толку фокусирани на општество со неконтролирано време поминато пред екраните што ги занемаривме потенцијалните придобивки од модерниот начин на забава и едукација.

Автор: Емили Едлин

Извор



912

X