Совладувањето основни социјални вештини сега е многу поважно за децата со оглед на состојбата со пандемијата. За повеќето, наставата се одвиваше онлајн уште од март 2020, а сега децата се веќе во училишните клупи. Многу родители им помагаа на децата за време на онлајн наставата и сето тоа беше навистина предизвикувачки процес.

А како да им се помогне на децата да си ги повратат основните социјални вештини откако светот драстично се промени?

Многу експерти аргументираа дека децата треба да бидат во клупите токму поради развојот на критичните социјални вештини, како и нивното ментално и физичко здравје. Во зависност од возраста на детето, некои можеби не биле во училиште во период од 2 години. Следните начини ќе ви дадат насоки како да им помогнете на децата да се справат со целата ситуација и да се вратат повторно на стариот начин на функционирање, но со заштита.

Уверете се дека вашето дете знае како и кога да побара помош

Ова е критично, но многу комплицирано, како животна вештина. Децата прво мора да препознаат кога им треба помош, а потоа да се справуваат со своите чувства. Можеби уште сега сметаат дека поставуваат премногу прашања, дека тајмингот е погрешен или дека изгледаат „глупаво“. Треба да научат јасно да ги искомуницираат своите потреби. Помогнете му на детето преку анализирање и размислување за потенцијалните проблеми кога детето е дома и се чувствува сигурно. Смислувањето релевантни планови може да го охрабри детето да ја побара потребната помош. Практикувањето на едноставното прашање „Дали сега е добро време да побарам помош?“, може да му помогне на детето да го реализира барањето помош до крај.

Научете го како да реши проблем со врсник

Решавањето конфликти е клучната компонентна на социјализацијата која се одвива на дневна основа. Помогнете му на детето однапред да се справува со конфликти. Многу деца имаат тешкотија да ги изразат своите чувства со зборови без да дозволат емоциите да доминираат во разговорот. Работете со детето да започнува позитивен разговор, моделирајте дискусија за да практикувате продуктивна комуникација редовно. Оваа животна вештина ги подготвува децата да создаваат, зајакнуваат и спасуваат односи.

Практикувајте здружувачки групи

Да може да им се пристапи на другите луѓе е клучна вештина, а не е лесна за многу деца. Вежбајте дома – со неговите браќа и сестри или соседи, роднини, во однос на тоа како да учи да се приклучува на група. Нека паузира пред да се упати кон некоја група и нека учи да го чита говорот на телото на луѓето. Најдете некој кој е физички отворен и потоа нека се оствари контакт со очите. Насмевка за добредојде и кимање со главата е придонес кон почетокот на дијалогот и дополнително ја олеснува транзицијата. Предложете му на детето да преземе улога во групата, на пример, да биде фотографот. Тоа е природен начин за пристап. Ако биде член на група или тим, детето подобро ќе ги запознава другите.

Обезбедете емоционална поддршка

Пред да ескалираат работите, помогнете му на детето или тинејџерот да ги препознае знаците за фрустрација и научете го да си дозволи време за да се смири. Поради незрелост или недостиг на искуство во справување со конфликт, емоциите може брзо да надвладеат. Со хартија и пенкало децата може да се охрабруваат да ги „запишуваат“ или цртаат своите чувства. Мозокот на детето обично препознава една перспектива: сопствената. Вежбајте сфаќање на различни перспективи и прашајте го детето дали може да ја преиспита својата перспектива и да ви ја повтори за да види како вие ќе ја разберете. Ова му дозволува на детето да ги слушне сопствените мисли појасно и му помага подобро да ја разбере ситуацијата.

Развивање нова генерација на лидери

Следната генерација сигурно ќе сноси голема одговорност. Иднината зависи од новите генерации лидери зајакнати со вештини како емпатија, отпорност и ценење на различноста, со што ќе можат да се справуваат со предизвиците и да изнаоѓаат иновативни решенија. Како родители и старатели, вие сте првите учители на вашите деца. Помогнете им да размислуваат за идното планирање преку поставување прашања од типот: „Што сакаш да бидеш?“

Социјалната изолација, нарушената рутина, се само некои од последиците од ковид-19 врз децата. Влијанието врз нивното ментално здравје можеби не е доволно земено предвид. Ваша работа е да ги заштитите, подготвите и негувате децата преку учење да ги совладаат основните социјални вештини. Преку препознавање на сето ова, ќе се затворат празнините кои се создадоа и децата ќе ги реализираат целосно своите потенцијали. Држете се, во ова сме сите заедно.

Автор: Каролин Мекгвајер

Извор



912

X