Појавата на жолтеникави наслаги на скалпот, веѓите, ушите, пазувите и препоните на бебето лекарите ја нарекуваат и себороичен дерматитис (теменица). Причина за таа појава се смета мрсната кожа и зголемената работа на лојните жлезди, што е предизвикано од мајчините хормони кои преку плацентата влегле во крвта на бебето. Според некои истражувања, таа е почеста кај децата што не се доени и кои имаат зголемена телесна маса. За среќа, не е заразно и најчесто спонтано исчезнува околу третиот месец од животот на детето.
Ако наслагите се влажни и бебето чувствува чешање на кожата, тоа може да биде знак за невродерматитис, односно атопичен дерматитис, кој се јавува на возраст од неколку месеци. Децата чии родители веќе страдаат од невродерматитис се особено изложени на ризик.
Како да го третирате скалпот?
-Со теменицата, добро е пред капење да ја намачкате главата на бебето или делот од кожата каде што се појавила со маслиново, бадемово или сусамово масло и да оставите да дејствува половина час или преку ноќ.
-Потоа косата треба да се измие со благ шампон и за време на миењето треба нежно да го масирате скалпот со бебешка четка и да ги отстраните омекнатите лушпи од косата.
-Важно е бебето да се избрише добро по капењето, а нежното триење на темето со крпа го зголемува протокот на крв. Бидејќи коските на главата на малите бебиња не се целосно споени до првата година од животот, треба да бидете внимателни и нежно да го масирате и избришете скалпот.
-Во аптека има и специјални шампони наменети токму за овој проблем.
-Ако себороичниот дерматитис ги зафати областа на пелената или пазувите, важно е да ја одржувате кожата на тие делови сува.
912