Дислексијата кај децата значи тешкотии во различни форми на јазикот, пред сѐ, проблеми во читањето и стекнувањето вештини за пишување. Иако не е секогаш лесно да се препознае, експертите тврдат дека одредени знаци укажуваат на дислексија. Според клиниката „Мајо“, околу 10 проценти од светската популација има дислексија, а најголемите проблеми обично се појавуваат околу 10-тата година од животот.
Токму на оваа возраст децата почнуваат да читаат, па родителите или наставниците почнуваат да забележуваат дали детето има одредени проблеми кои можат да бидат знак за дислексија. Детето со дислексија нема автоматско читање, а тешкотиите се манифестираат при кодирање на поединечни зборови. Најчестите симптоми се:
-бавно читање
-проблеми со обработката и разбирање на слушнатото
-тешкотии при наоѓање на вистинскиот збор или формулирање одговори на прашања
-проблеми со меморијата
-тешкотии со гледањето (и повремено слушањето) сличности и разлики во буквите и зборовите
-неможност да се изговори непознат збор
-тешкотии во правописот.

Но, експертите тврдат дека дури и пред да достигне училишна возраст, можеме да препознаеме дека детето има проблеми со дислексија. Кај малите деца често има доцнење во говорот, проблеми со учењето нови зборови, проблеми со помнењето на буквите, бројките или боите и тешкотии во учењето на римите од детските песнички.