Што се случува во мозокот за време на емоционална експлозија и како можеме да му помогнеме и да го смириме детето и да го научиме на посакувани начини за изразување на потребите и желбите?

Емоционалните експлозии се ситуации кога детето неутешно плаче, вреска, се фрла на подот, не сака да се помести и слично. Овие ситуации се случуваат насекаде: во градинка, во продавница, на улица и дома. Ова претставува еден од најголемите предизвици за родителите и се чини дека што и да се обидеме да направиме, само ќе ја влошиме ситуацијата.

Како да реагирате во такви ситуации?

Психологот Дан Сигел смисли многу креативен и разбирлив начин на прикажување на моделот на мозок на рака.

Во продолжение ќе го објаснам истиот принцип врз основа на примерот „куќа со три ката“ за полесно да разберете.

 

View this post on Instagram

 

🧠Zašto ponavljamo stoput, a to “kao” da ne dolazi do djeteta? 💡Kako zaustaviti nepoželjna ponašanja u javnosti? 💡Kada je vrijeme za poučavanje? . 🎯📚Model mozga na ruci, autora dr. Dan Siegela. . U ovom videu sam maksimalno pojednostavila, jer je važna poanta, odnosno primjena, a za to je dovoljno govoriti o podijeli mozga na donju i gornju stranu. Neuroznanstvene izraze poput amigdale (iako ona ima izrazito važnu ulogu – ona je ta koja se nalazi u limbičkom sustavu i reagira fight or flight) nisam spominjala, zadržala sam se na 3 presudne uloge obzirom na to na kojoj se strani mozga nalaze. Za sve koje zanima detaljnije iz područja neuroznanosti, preporučujem da googlate dr. Dan Siegel ili čitate njegove knjige (Harfa). . O ovoj i sličnim temama ću još puno pisati i u dnevnim objavama i u Newsletterima. . Javljajte je li vam koristilo i kako ide u primjeni 🙂 . #drdansiegel #mozak #razvojmozga #emocije #eksplozijaemocija #bujicaemocija #ispadi #tantrumi #odgoj #djeca #roditeljstvo #odsukobadosuradnje #pozitivnadisciplina #socialmaxprogram #edukacijazaodgoj

A post shared by Glorija Peranić (@edukatorica.za.odgoj) on

Истото препорачувам да им го кажете на вашите деца, визуелно да им го прикажете затоа што полесно ќе ги разберат своите емоции, ќе ги прифатат и постепено ќе ги регулираат.

Ова често се користи во работата со децата, во терапијата со игри. На едноставен начин, изгледа вака:

Да го замислиме првиот кат од една куќа – тука се сместени основните функции за преживување (рефлекси, дишење итн.)

Тука ја имаме и функцијата што во ненадејни или потенцијално опасни ситуации ни помага да реагираме така што се бориме, бегаме или се замрзнуваме.

Вториот кат од куќата е лимбичкиот систем, што значи дека тука се наоѓаат сите емоции.

На третиот кат се функциите од повисок ред, односно мисловните процеси, учењето, емпатијата, логичното размислување, правилното донесување одлуки, разбирањето на причините и последиците.

За да може детето добро да функционира и да донесе добри одлуки и да може да го контролира своето однесување до одреден степен, важно е целиот мозок да биде интегриран, односно „сите ката од куќата да бидат поврзани“, да речеме со скали.

За време на емотивно напната ситуација (експлозија), скалите меѓу катовите се рушат, а потоа е невозможно да се стигне од првиот до третиот кат.

Пораките што му ги испраќаме на детето, како: „Смири се или ќе те казнам!“, „Ако не застанеш сега, знаеш што е следно!“, „Престани веднаш!“, „Гледаш дека нема ништо, нема од што да се плашиш!“ – се пораки наменети за највисокиот, односно третиот кат од куќата.

Со оглед на тоа што мозокот (куќата) тогаш не е поврзан, овие пораки нема како да стигнат до третиот кат (пораките не стигнуваат до делот од мозокот што треба да ги обработи).

За повторно да се постават скали, односно да му се овозможи на детето да се интегрира, треба да го направиме тоа со помош на вториот кат, односно емоциите. Вербализирањето на емоциите на детето помага во враќањето на скалите што ја поврзуваат куќата, нејзините највисоки делови (логично размислување, правилно донесување одлуки, емпатија, контрола).

Еве како да го направите тоа низ четири едноставни чекори:

1. Важно е добро да препознаете за кое чувство се работи.

2. Вербализирајте ги чувствата со детето: „Гледам дека ова те вознемири“, „Ми изгледаш тажно“.

Во моментот кога ќе го погодите чувството на детето, ќе забележите дека тоа полека ги опушта мускулите. Тоа повеќе нема изобличен став, ги ослободува прекрстените рачиња, полека воспоставува контакт со очите, не се мурти и постепено почнува да одговара на вашите прашања, барем со да/не. Ова е знак дека скалите почнуваат да се враќаат.

4. Кога ќе се поврзете со детето преку вториот кат и кога ќе се смири, информациите што сте сакале да му ги пренесете можат да стигнат до него. Е тогаш е време за држење предавања.

Се разбира, важно е да го научите детето за тоа кои се пожелни, а кои непожелни начини на изразување на неговите желби и потреби, но тоа може да се случи само кога детето е смирено и вие сте поврзани.

– На овој начин ја запирате емоционалната експлозија (плачење, врескање).

– Сте се поврзале со детето и така ја градите и зајакнувате вашата врска.

– На вашето дете му испративте неизмерно важна порака дека го сакате дури и кога му е тешко.

– Отворивте можност за наменско учење на детето.

Во вакви ситуации многу е важно возрасните да успеат да останат доволно смирени за да можат да му пристапат на овој начин. Во спротивно, конфликтот може само да се засили, па нема да можете да го научите нешто.

Се надевам дека ќе ја искористите оваа многу вредна техника.

Автор: Глорија Пераниќ
Извор



912

X