Како да му помогнете на детето да ја надмине траумата кога и вие самите сте во најтешка ситуација – на оваа тема зборува психологот Билјана Лајовиќ, која објаснува како најдобро да се третираат децата од различни возрасти кога ќе загубат некој близок.

-Големите загуби, особено загубата на дете, се посебна траума за семејството. Емоционалната загуба е огромна и силно ги погодува сите членови на семејството. Реакциите се емоционални, ментални, физиолошки, физички и бихевиорални за сите во семејството. Тешко е за секого, а секој реагира на свој, индивидуален начин и тоа е важно да се разбере. На родителите им е многу тешко затоа што треба да ја надминат сопствената траума, но истовремено треба да му помогнат на братот/сестрата на настраданиот.

Токму поради посебната чувствителност и сложеност на ваквите ситуации, тешко е да се даде универзален одговор – ќе ги спомнам само основните.

Однесувањето на родителите зависи од многу карактеристики, и лични и семејни. Една од нив е возраста – малите деца бараат секојдневна основна грижа и грижа од возрасните (хранење, хигиена, спиење) и тоа мора да им го обезбедиме.

На децата, без разлика на возраста, треба да им се даде можност да ги изразат своите чувства. Треба внимателно да ги споделиме нашите чувства со нив за да не ги исплашиме дополнително – добро е да ги објасниме нашите однесувања, чувства, бидејќи важно е тие да не мислат дека на кој било начин се причина за нив.

Разговарајте за тоа што се случило, особено ако тие го започнат разговорот, не избегнувајте ја, не потиснувајте ја темата. Обидете се да ги вратите на нивните редовни обврски – училиште, учење, воннаставни активности, спорт, грижа за себе (храна, хигиена) и друго. Охрабрете ги да се дружат со своите врсници – нивната улога може да биде корисна. А членовите на поширокото семејство, семејствата можат да дадат голема поддршка, особено оние со кои децата имаат добар контакт, со кои се блиски.

Како што секогаш истакнуваме дека е важно – не треба да ги споредувате децата на никаков начин. Чувајте го споменот на тој што сте го изгубиле, но не смее да се заборави дека на другите членови на семејството, особено на децата, им треба внимание, пофалба, поддршка, дека имаат посебни карактеристики, квалитети кои треба да се негуваат.

Тешко е поради големата болка да ја најдете вистинската мера, па затоа е важен разговорот. Доколку е потребно, дефинитивно треба да се обратите до експерти – понекогаш е тешко да се излезе од траума само со сопствени ресурси – заклучува Лајовиќ.

Автор: Јасна Дреновац

Извор



912

X