Падовите се вообичаени кога сте бремени, но големи се шансите дека вие и вашето бебе ќе бидете добро. Во зависност од тоа колку е сериозен падот и каде сте биле повредени, можете сами да одлучите дали треба да посетите лекар.

Сосема е нормално да се грижите за вашето бебе, но обидете се да не размислувате премногу за да не се исплашите беспотребно. Ако не можете да се ослободите од вашата анксиозност или грижа, задолжително разговарајте со вашиот гинеколог. Еве ги клучните причини зошто не треба да се грижите премногу:

Како прво, вашето бебе е опкружено со амнионска течност што апсорбира удари, плус е заштитено со цврсти мембрани и вашата абдоминална празнина (која е составена од мускули и коски). Би била потребна сериозна несреќа за да се пробие низ сите тие заштитни слоеви.

Ако сте загрижени дека падот може да предизвика спонтан абортус, мала е веројатноста за тоа, иако постои ризик од абрупција на плацентата ако има значителна директна траума на вашиот стомак во вториот или третиот триместар. Во првиот случај, матката е добро заштитена од вашата карлица и цврсто заштитена од траума.

Зошто се случуваат случајните падови?

Постојат многу причини зошто сте особено „несмасни“ за време на бременоста – особено во третиот триместар:

Како прво, вашиот стомак кој расте, го поместува вашиот центар на гравитација напред, што ви отежнува да останете исправени, особено на нерамни површини како тротоарите.

Покрај тоа, како што се приближувате до породувањето, зглобовите стануваат полабави поради хормонот за бременост релаксин. Овој хормон на крајот ќе биде добра работа за вас бидејќи им овозможува на зглобовите и на сврзното ткиво во карлицата и грлото на матката да се истегнат за време на породувањето – што ќе го олесни туркањето на бебето надвор. Но, дотогаш вашите лабави зглобови исто така може да ве направат нестабилни на нозе (читај: несмасни) и со поголема веројатност случајно да паднете.

И не заборавајте: најверојатно сте исцрпени, преокупирани и преоптоварени – поради сето ова, ризикот да паднете е прилично зголемен.

Како да спречите пад во текот на бременоста?

Преземајќи неколку мерки на претпазливост и усвојувајќи нови навики, можеби ќе можете да избегнете паѓање во текот на бременоста. Еве неколку паметни совети:

– Изберете рамни чевли – рамните чевли или патиките се побезбеден избор отколку штиклите. Но, внимавајте на апостолките, кои се рамни, но може да бидат нестабилни за одење.

– Држете се за оградите – секогаш држете се за нешто кога одите нагоре или надолу по скали.

– Одете полека – нема потреба да одите брзо ако ви се брза, сега безбедноста ви е на прво место.

– Внимавајте каде одите – тротоарите се најдобрата опција за пешачење, внимавајте на дупките.

– Не носете премногу тежина – сето ова може да ви го зголеми товарот и да ве направи несигурни.

– Избегнувајте да одите на прошетка ако не се чувствувате добро, односно ако имате мачнини и вртоглавица.

– Елиминирајте ги опасностите од сопнување дома – за да спречите падови дома, отстранете го сето она од кое би можеле да се сопнете.

Кога да одите на лекар?

Ако чувствувате непријатност или продолжена болка, ако забележите намалено движење на фетусот или имате вагинално крвавење или контракции, веднаш јавете се кај вашиот лекар. Особено е важно да се види дали сте доживеале директен контакт со предниот или страничниот дел на стомакот. Ако крвавењето е во матката, но не излегува од вагината, може да станува збор за скриена абрупција.

Во зависност од повредата, вашиот лекар може да инсистира на ултразвук за да потврди дека вашето бебе и вие сте во ред.

Уште еднаш, падовите се ретки и навистина можат да го загрозат вашето бебе и бременоста, но тоа не значи дека не треба да бидете дополнително внимателни и да внимавате кога се движите.

Извор



912

X