Ако сте родител, не е важно колку години има вашето дете – заканата од киднапирање или нанесување повреда секогаш ќе постои. Понекогаш се случуваат страшни работи, а сè што можете да направите е да му дадете на вашето дете алатки што може да ги користи за да заклучи дали ситуацијата во која се наоѓа е безбедна или не. Голема е веројатноста дека веќе сте научиле децата лекции од типот „не разговарајте со непознати“, но терапевтот за деца Дина има поинаков пристап, а нејзиниот совет може да ве изненади.
Дина неодамна споделила информативно видео на „Инстаграм“ за тоа што подучува во нејзината терапевтска практика кога станува збор за помагање на децата да идентификуваат опасни ситуации. „Опасност од непознат“, напишала таа на објавата.
„Сите ја слушаме оваа фраза, но како всушност ги учиме нашите деца за справување со тоа – без да ги плашиме да разговараат со луѓе?!? Едноставна промена на досегашното учење: обидувајте се повеќе како да ги научите вашите деца да внимаваат на ЧУДНИ ОДНЕСУВАЊА“.
„Ние всушност не сакаме децата да се плашат од нови луѓе. Сакаме тие да можат да ги споделат своите мисли и идеи“, објаснила таа во видеото. „И она на што сакаме да ги научиме нашите деца е да внимаваат на чудното однесување на луѓето“.
Како би изгледало тоа? Таа дала неколку примери: „Ако некој дојде да ве земе од училиште, но вашиот родител или наставник не ви кажал дека ќе случи тоа… тоа е чудно однесување. Ако некој се обиде да ве натера да одите на некое скриено место и да чувате тајна од вашите родители, тоа е чудно однесување“.
Зошто чудното однесување е клучното нешто на кое треба да се внимава? Затоа што, за жал, многу од незамисливите работи што им се случуваат на децата доаѓаат од некој што го познаваат. „Ова е важно затоа што многу пати овие опасни или страшни работи всушност се случуваат со луѓето што децата ги познаваат“, истакнала Дина. „Значи, многу покорисно е наместо да ги поучувате децата за општата опасност од непознати луѓе – да ги научите за чудните однесувања што би можеле да ги прават луѓето, што ги познаваат или не.“
Овој пристап има толку многу смисла, но тоа е нешто што родителите може да го занемарат затоа што е тешко да се разбере, дека некој што го познаваат и на кој му веруваат некогаш би сакал или би можел да ги повреди. Дина, исто така, истакнала дека треба да се „користи јазик соодветен на возраста на детето и да се одржува на високо ниво за да не го исплашите“.
Се препорачува да започнете вакви разговори кога вашето дете има околу 4 години – сепак, основните разговори за безбедност е добро да се направат со децата од предучилишна возраст. Можете да ја засилите дискусијата кога вашето дете е на училишна возраст и има поголема веројатност да излегува во јавност или да оди во домовите на пријателите, без ваше присуство. Предизвикувачко е, особено со малите деца, затоа што тие ќе треба да идентификуваат чудни однесувања на луѓе од кои всушност не се плашат, без разлика дали се работи за непознати или за членови на семејството/пријателите, но од клучно значење е тој важен разговор да се спроведе.
Автор: Катрина Натрес
912