И покрај вашите инстинкти, кога му кажувате на детето дека може да направи сè, тоа може да биде контрапродуктивно.
„Тоа е позитивна реченица, но е многу генерализирана“, според Џоана Норт, консултант психотерапевт. „Мислам дека треба да се сведеме на спецификите за децата и да најдеме навистина практични примери за нив. Вистината е дека всушност имаме ограничувања. А една од работите што треба да ги правиме во животот е да работиме во рамките на нашите ограничувања“, додала таа.
„Ти можеш да направиш сè“
„Психолошката теорија кај децата во изминатите 50 години се фокусира на растечката самодоверба на децата“, вели Ема Кени, психолог и медиумски работник. Ако им кажете „можеш сè“, тоа може да ве натера вас, родителите, да се чувствувате како да создавате можности во животот на своето дете наместо ограничувања, изјавила Кени.
„Родителите можеби ја користат фразата затоа што искрено веруваат дека нивните деца се чуда, вели таа. А со тоа доаѓа и начинот на размислување – можеш да направиш сè.
Кени укажува на теоријата за самоефикасност развиена од канадско-американскиот психолог Алберт Бандура помеѓу 1977 и 1997 година, што сугерира дека луѓето кои мислат дека можат да направат нешто, имаат поголема веројатност да учествуваат во некоја активност – и да продолжат да се обидуваат.
„Поставувањето цели и амбициите се клучни работи и теми што родителите треба да се обидат да ги создадат во животот на своите деца… Сакате да бидете сигурни дека вие како родител ги гледате суштинските квалитети што ги има вашето дете“, истакнува Кени.
Внимавајте што зборувате
Но, нејасно е кога му се вели на детето дека може да направи сè, вели Норт. „Можеме да ги отфрлиме нашите деца. Ако не бидеме внимателни, на некој начин тоа би можело да биде прилично омаловажувачка работа за кажување“, тврди таа.
-Велејќи: „Можеш да направиш сè“, може да се протолкува како: „Всушност, не можам да се мачам да размислувам што би можело да биде тоа“ – потенцира таа.
„Сигурно можев со помош, да размислувам каде е мојот фокус, да го решам тоа преку многу експерименти и грешки. Но… ние како родители можеме да им помогнеме на децата да се фокусираат на нивните специфични таленти“, вели Норт.
„Поентата е да се има рамнотежа“, според Кени. „Сакате да создадете реално очекување и исчекување од светот, без да ги натерате децата да се чувствуваат ограничени“, вели таа.
„Реалноста е дека познавањето на границите до одреден степен не значи и ублажување на соништата на децата. Тоа е за да им се помогне да се концентрираат на областите и елементите кои позитивно влијаат врз нивниот живот“, истакнува таа.
Како да го инспирирате вашето дете – и да му помогнете да научи од неуспехот
Кога Норт работи со родителите, таа предлага тие да се повлечат и да забележат што сакаат да прават нивните деца. „Дали навистина се добри во физичкиот ангажман? Или дали навистина добро им оди со музиката? Дали тие ќе бидат млади луѓе кои сакаат да им помагаат на другите?“, прашува таа.
-Забележете ги нивните тенденции и мотивации и што е она што ги прави среќни, додава.
Норт советува да им се помогне на децата да забележат што може да научат од обидувањето, но и од неуспехот. „Понекогаш, тие се ограничени во нивниот безбеден мал свет. И за да се вклучат во нешто различно, треба да ги научиме да преземат мал чекор“, вели таа.
-Тоа би можело да ги охрабри да направат нешто толку мало, како што е на пример да земат залак од храна што не ја пробале досега – вели Норт.
Ако детето има големи соништа, помогнете му да разбере дека нивното остварување веројатно значи дека ќе има и неуспеси на патот. „Ако се претпостави дека сте некој што сака да оди во вселената или да слета на Месечината – што е многу исклучителна работа и подвиг, тоа сигурно ќе подразбира да се помине низ неверојатни часови на обука и неверојатни часови поминати во страв и неуспех, па затоа треба да научите да ги толерирате сите тие работи“, вели Норт.
-Кажувањето на детето дека може да направи сè може да ја игнорира идејата дека на децата им требаат граници – вели Норт. „Важно е да се најде рамнотежата помеѓу тоа да им дозволите на децата да играат или да создаваат слободно, додека поставувате некои ограничувања“.
Границите што ќе ги поставите може да вклучуваат помагање на вашето дете да сфати дека моменталното задоволство обично не е можно.
-Живееме во таков моментален свет и мислам дека „ти можеш да направиш сè“ повеќе се вклопува во тоа – моментално задоволување“, вели таа. „Очекуваме тоа да се случи веднаш. А животот едноставно не може секогаш да биде таков. Мораме да научиме да ги толерираме овие многу основни емоции… и да ги научиме нашите деца да бидат силни и издржливи“, додава Норт.
Ефектот на образованието
Образовните системи кои промовираат академско размислување и користат тестови за да го проценат напредокот не им одговараат на сите деца, вели Кени. „Кога се вклучуваат во образовниот систем, детето се мери како успех или неуспех. Ако имате дете кое е просечно или помалку од просечно, тоа секогаш ќе се чувствува како да не е доволно добро“, заклучува таа.

Како резултат на тоа, некои родители се загрижени поради тоа што децата чувствуваат оти нивните шанси се ограничени. Но, наместо да го искажете вашето незадоволство од училишниот систем, поттикнете го вашето дете да размислува за сопствените атрибути, советува Кени.
-Подобро е да се каже: „Знаеш што, можеби тоа не е нештото во кое блескаш, но ти си апсолутно неверојатен во сликањето. Апсолутно си неверојатен во тоа што му помагаш на татко ти да го поправи автомобилот. Можеш да правиш сè, во областа каде што си вешт, можеш да правиш сè во областа за која всушност имаш природна наклонетост“, вели Кени.
Родителите природно сакаат да ги заштитат своите деца од болката која доаѓа со неистакнување во сите области, но подобро е да се биде реален, смета Кени. „Можете да им помогнете да сфатат дека болката промовира издржливост, а еластичноста создава награда, а наградите создаваат успех“.
„Реалниот оптимизам“ може да им помогне на децата, потенцира Кени.
„Ги учите децата да целат навистина високо, но ги учите и на реалните очекувања од светот околу нив, а исто така и на вредноста на напорната работа“, заклучува таа.
Автор: Луси Хендли