Воспитување

„Кај мене нема казни, најдов многу подобра метода“, споделува една мајка

Веќе некое време препораките на психолозите се дека казната не е добар метод на воспитување затоа што детето ништо не учи од тоа, само добива демонстрација на моќ од родителите. Некогаш популарното „седење во ќош“ сега има многу поефикасна алтернатива, барем ако ѝ верувате на мајката Марте Мами, која на популарната социјална мрежа „Тик-ток“ објави како изгледа нејзиниот агол за смирување.

– Сфатив дека казните не функционираат, па ни „седењето во ќош“ на начин на кој тоа го правеа нашите родители. Не ми се чинеше ефикасно да го оставам син ми да седи сам со тие големи, застрашувачки емоции – објаснува таа.

Кога зборуваме за казни, еве што сè се смета за казна:

– Оддалечување на детето во друга соба за да размисли за своите постапки;
– Седење во „столче за казна“;
– Молчење на родителите и скратување на комуникациите;
– Лутење на родителите (без објаснување);
– Викање;
– Скратување на утеха (емотивно дистанцирање);
– Условување (ако не тргнеш одма, ќе те оставам во паркот);
– Ускратување или одземање нешто (нема играчка);
– Физичко казнување.

Постојат родители што не сакаат да го прават ова, но често не знаат што, немаат идеја, а стравот од губење контрола дополнително им ја отежнува целата приказна. Парадоксално е дека губиме контрола токму со несоодветен пристап.

Втората причина е претпоставката на родителот дека детето прави нешто намерно, дека е безобразно, дека прави нешто од инает, дека е непослушно и дека треба да се научи на ред. Недостигот на разбирање (дека детето може да биде во процес на истражување и учење) и трпеливост го става родителот во состојба да примени казна за да го запре несаканото однесување на детето што е можно поскоро.

Ако ова стане шема на однесување, она што секако ќе се случи како последица на оваа врска е дека детето, во повеќето случаи, ќе го повтори од две причини. Првата – затоа што тоа не разбра што е проблемот, а втората – затоа што не знае што друго може/треба да направи.

Кога ќе дојде до ова, родителот се чувствува беспомошно бидејќи ете казната не дејствува кај неговото дете и бара поефикасна казна со која детето ќе ја научи лекцијата. Тогаш тој влегува во магичен круг, ги доведува во прашање своите родителски способности, може да чувствува несигурност, вина, па дури и страв затоа што му станува јасно дека се нарушува односот со детето и дека има помалку доверба меѓу нив.

Наместо да седи и да чека да истече времето во аголот за смирување, каков што „дизајнирала“ Марте Мами, детето може на здрав начин да ги регулира емоциите и однесувањето.

– Тоа е суперудобен, безбеден простор, место за размислување, центрирање на умот, обработка на мислите и регулирање на емоциите. Во аголот за смирување може да се медитира, да се прават вежби за дишење или само да се седи и релаксира – вели оваа мајка. Погледнете за што станува збор.

 

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top