Во текот на пандемијата повеќето родители се потпираат на телевизорот и другите технологии кои станаа виртуелни дадилки – но не и Чарли Докинс. 27-годишната поранешна стјуардеса вели дека секој ден мора да ѝ биде организиран како во војска за да постигне сè што замислила претходниот ден.
– Јас сум самохрана мајка и внимавам сè да се прави од минута во минута. Јас сум супер организирана мајка – поставувам 12 аларми дневно кои го следат распоредот на нашите обврски, со воена прецизност. Мојата ќерка не оди во градинка, па ако не се придржувам до редот, ќе стане многу тешко да се има продуктивен ден. Минатата година кога започна карантинот, одлучив дека ќе се држиме до распоред. Смислив распоред за активности за секој час во денот. Исто така, наместив 12 аларми на телефонот како потсетници што и кога треба да направиме. Имаме закажано време за сè, од перење облека до купување намирници. Мојата мајка вели дека во текот на растењето сум била најмалку организирана од сите, но откако сум станала мајка, тоа морало да се промени – вели таа.
– Доев 3,5 години и тоа значеше дека деновите се вртеа околу мојата ќерка. Беше лесно да се храни Обри каде било, но излегувањето беше сосема друга работа. Ако сакав да излезам и да го завршам утринското пазарење, претходната вечер го товарев автомобилот со тоа што ми требаше за тој ден. Ми помогна моето искуство во авионската индустрија. Работев како стјуардеса од 18 години. Правев и прописи, што и како да се прави – тоа е основата на секое сигурно летање.
Секој дел од денот ѝ е внимателно распореден: време за играње, учење, вежбање, подготовка на храна и време за јадење. Чарли признава дека е строго, но вели дека така мора да биде.
– Кога моите пријатели ќе слушнат дека алармите се вклучуваат, ми велат дека сум полудела. Првиот аларм се вклучува во 4:30 часот. Тоа е мојот знак за будење. Ми дава време да работам на своите работни идеи и да завршам одредени ситници низ домот. На пример, ќе се измијам и секое утро чистам една соба. Обри станува помеѓу 6:30 и 7 часот. Дури и ако алармот се огласи во 7 часот, а Обри не стане, јас ја будам. Ги мие забите, потоа појадува, па откако ќе заврши, следува бањање и перење на облеката. Потоа се активира уште еден аларм и тоа наш знак за заедно да вежбање. Кога ќе започне следниот аларм, излегуваме на прошетка. Обри не оди на училиште, но алармот во 11:30 значи дека е време за учење бројки, букви или изговарање зборови. Понекогаш кога Обри ќе го слушне алармот, веднаш прашува: – Која е следната задача мамо? Но, поголемиот дел од времето знае што треба да се прави и автоматски почнува да ги средува играчките ако е тој период од денот. По ручекот, има аларм во 14 часот, а тогаш е време за семејството и за дружење. Следниот аларм е во 17 часот, тоа значи дека е време за вечера. Алармот во 18 часот сигнализира време за бањање, за читање и време за спиење. Обри ја одбира книгата што ќе ја читаме или заедно пееме песни. До 18 и 30 таа спие, а јас излегувам од нејзината соба.
Чарли потоа ја завршува својата е-пошта и започнува со пописот на работи што треба да ги заврши следниот ден.

– До 20 часот сум готова со сите обврски. Мојата спална соба е моја зона и е време да се опуштам. Светлата се изгасени, понекогаш користам и есенцијални масла за опуштање. Последното што го правам в кревет е довршување на листата од она што морам да го сторам следниот ден. Пред да го воведам овој строг распоред, доаѓаше крајот од денот, а јас немав направено ништо – заклучува Чарли.
Чарли вели дека не прочитала ниту една книга за да ја постигне оваа семејна организација – наместо тоа, смислила специфичен систем кој ѝ успеал.
– Моето семејство мисли дека сум луда! Кога моите пријатели ќе слушнат некој од алармите, велат дека не сум нормална. Но, имам и пријатели што ме поддржуваат. Еден пријател кој има 3 деца, вклучително и близнаци до 5 години, има сличен систем. Не користи телефонски аларми, но наместо тоа има планер за сè – вели Чарли, па порачува: „Многу го подобрив своето ментално здравје откако во денот сè е организирано, а покрај алармите нема оправдување да не поминувам време со Обри или да им посветам време на работите за кои знам дека морам да ги завршам тој ден. И најважно, не седам во ќош и не се обвинувам за тоа што не сум ги завршила обврските кои биле планирани за тој ден! Подобро спијам, а и Обри го сака распоредот. На некој начин таа се подготвува за училиште. Ќе нема никаков проблем со нејзиниот училиштен распоред!“
Автор: Саманта Брик