Игротека

Јајцето е симбол на новиот почеток и плодноста, а црвената боја на здравјето и животот

Вeлигдeн каj народот e мошнe значаeн и e прослeдeн со низа обичаи и обрeдни практики. Спорeд народното сфаќањe, овоj празник за православните христијани e исто толку голeм колку и Божик и сe празнува три дeна. Главна практика на сeкоe макeдонско сeмejство, во минатото, било сeкому да му сe купи по нeшто ново или да му сe сошиe нeшто, а тоа особeно важeло за дeцата и за помладитe, ониe што билe прeд жeнeњe или прeд мажeњe. Така, во eдно прeданиe од Порeчe сe вeли дeка Вeлигдeн и Божик билe браќа – вели проф. д-р Даворин Трпески од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет од Скопје.

– Накратко, јајцето претставува супститут на почетокот и на плодноста. И тоа е универзално прифатена симболика. Ја има кај многу народи, па така и кај нас. Симболизира нов почеток, нов живот. Практиката на користење јајце при одредени обредни активности во македонската народна култура, а и во соседството, во минатото била многу застапена.
Постојат податоци дека користењето вапсано јајце во обредни активности се практикувало уште пред повеќе од 2500 години на териториите на Месопотамија и Персија, а тоа е далеку пред појавата на христијанството. Едноставно, христијанството ја прифатило оваа практика и ѝ дало свое значење и истото било поврзано со воскреснувањето и со започнувањето нов живот по смртта. Слично е и со црвената боја. Често, речиси насекаде, се поврзува со здравјето и со животот – вели Трпески.

Кога не постоеле фабрички бои, луѓето ги добивале потребните бои од она што можеле да го најдат во природата. Најчеста била црвената, која можела да се добие на неколку начини, со лушпи од кромид, корен од броќ или цвекло. Можеле да добијат и црна боја од бобинки, од бозел, од црници и од дабова кора. Зелената боја ја добивале од корен на коприва или зелје. Во зависност од количината и времетраењето на вапсувањето, го добивале и интензитетот на бојата, појака или посветла.

За обичаите, верувањата и симболиките прочитајте повеќе во интервјуто со проф. д-р Даворин Трпески на Факултети.мк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top