На ораторски настан ги прашав жените во публиката дали некогаш имале чувство дека се лоши мајки. Погодете колку ги кренаа рацете. Да се нарекувате себеси лоша мајка очигледно е негативна работа, но спротивно од тоа е етикетата „добра мајка“ – тоа може да биде и полошо.

Да објасниме – како прво: што претставува „начин на размислување“ или „мајндсет“? И зарем не е доволно само да се „биде позитивен“? Вашиот начин на размислување е она во кое верувате, а тие придобивки влијаат врз вашите одлуки, кои за возврат влијаат врз исходите.

Д-р Карол Двек, истражувач и професор, прави разлика помеѓу два типа размислување: фиксирано и развојно. Некој со фиксиран начин на размислување верува дека особините и квалитетите се утврдени, конзистентни низ времето. Или сте паметни – или не сте. Атлетски типови – или не сте. Добра мајка – или не. Некој со развоен начин на размислување верува дека особините и квалитетите се флуидни и можат да се подобруваат и менуваат со текот на времето. Повеќето од нас имаат фиксирани начини на размислување за одредени особини и развоен начин на размислување за други особини. На пример, може да имате фиксирано размислување за тоа што значи да се биде „добар уметник“ и развојно размислување за вежбање. Само со препознавање на фиксиран „мајндсет“ можете драматично да влијаете врз начинот на кој му пристапувате на проблемот.

Како учител во прво одделение, повеќето ученици што влегуваат во мојата училница, се под А) лоши читачи и под Б) добри читачи. Прво, идентификувањето како добар читач изгледа дека е позитивна работа – зарем не сакаме нашите деца да веруваат дека се добри, паметни, атлетски насочени? Зарем не треба така да им велиме за да се гради нивната самодоверба? Не. Земете предвид како двете групи ученици се однесуваат на мојата катедра.

Прво, „добрите“ читачи изгледаат во ред – сè додека не дојдат до збор кој не го знаат или приказна што не ја разбираат. Одеднаш, нивниот идентитет како „добар читач“ е загрозен, па кога тоа се случува, повеќето мои ученици или изразуваат екстремна фрустрација или дури и лажат. Според моето искуство, ова ги прави добрите читачи помалку застапени во однос на преземањето позитивни ризици, како на пример избирање потешка книга или споделување одговор за кој не се сигурни.

Додека учениците се држат до позитивен или негативен фиксен начин на размислување, тешко е да се направи напредок. Ниту една група не е мотивирана да се предизвика себеси, а немотивирани ученици не можат да учат. Како резултат на тоа, ги поминуваме првите недели од училиште во преминување од фиксиран „мајндсет“ во развоен. Правиме активности кои докажуваат дека секое дете во собата може веќе да чита. Го моделирам јазикот кој се фокусира на подобрување на моите читачки способности. Како возрасни, понекогаш забораваме дека „учењето да читаш“ не е крајот. Како што учениците ќе почнат да го прифаќаат развојниот начин на размислување – „Учам да бидам подобар читач“, така стануваат повклучени и посклони кон предизвикување на себеси. Грешките се во ред, бидејќи се очекувани и прифатени. И повеќе од – во ред – бидејќи тие се можности за развој.

Ова беше долго објаснување, но ние мајките имаме навика повеќе да читаме за тоа како да им помогнеме на нашите деца отколку себеси.

Дали нешто вакво ви се случило вам? Вие сте во парк, а вашето дете го удира коленото. Го чистите, го бакнувате и го испраќате повторно да си игра. Некој ви упатува комплимент, велејќи: „Ох, вие сте толку добра мајка!“, но наместо да помислите „Па да, јас сум добра мајка“, вашите мисли одат во насока – „Само кога би знаеле…“
Размислувањето дека сте лоша мајка не е во ред бидејќи секојпат кога ќе направите грешка, вашиот ум вели – „Гледаш, тоа е затоа што си лоша мајка“. А кога правите нешто добро, одбивате да го признаете тоа. И размислувањето дека сте добра мајка не е многу подобро бидејќи секојпат кога нешто ќе тргне на лошо, вашиот ум се чувствува како да е во опасност: „Можеби не сум добра мајка, после сè“. Ги обвинувате децата или партнерот, се лутите, се срамите.

Овие два типа на размислување (добра мајка/лоша мајка) се опасни бидејќи се фиксирани, а во реалноста родителството постојано бара од нас да учиме и да еволуираме со цел да ги одржиме нашите деца живи и здрави. Размислете: вештините што ви се потребни за да се грижите за вашето новороденче се различни од оние што ќе му помогнат да совлада вештини за спорт. Кога го носите бебето дома од болница, учите да го бањање, храните, да го негувате. Тоа може да биде начин на учење, но е само почетокот: секоја возраст на децата бара одење едно ниво погоре. Да се биде мајка на новороденче, малечко дете, дете кое оди во основно училиште – сите изгледаат различно и тоа не завршува кога децата пораснуваат. Дури и мојата мајка сè уште се надградува во родителството кон нејзините возрасни ќерки, додека влегуваме во нови фази од животот.

Како и моите ученици, така и ние мајките треба да го прифатиме развојниот начин на размислување кога се работи за мајчинството: секогаш учиме да бидеме подобри мајки. Не сте биле родени за да знаете како да смените пелена или како да го пријавите детето во градинка. Го сфаќате и учите тоа со текот на времето – некој ви покажува, ве информира. Вежбате, правите грешки, учите. Станувате подобри. Насочувањето кон развоен начин на размислување креира простор за вас да правите грешки, да си ја дадете можноста да учите. Мајчинството е тешко, често ќе грешите. Но, наместо да потонете во вина и срам, искористете ги тие искуства како можности за учење и продолжување понатаму.

Се обложувам дека сте подобра мајка отколку што сте биле пред една година и ако е така, ќе продолжите да станувате подобри. Следниот пат кога вашиот ум ќе почне да создава негативни мисли, кажете му да се смири. Дишете длабоко и потсетете се себеси дека учите, а искрено кажано, прифаќањето на грешките е најефикасниот начин да се подобрите.

Следниот пат кога ќе излезете од дома без торбата со пелени, а вашето дете има излив на бес, охрабрете се. Вие сте само мајка која се искачува едно ниво погоре.

Автор: Емили Випл

Извор



912

X