Селективното слушање зазема сосема ново ниво кога е во прашање комуникацијата со децата. Кога ќе дојдат до одредена возраст и знаете дека ве слушаат и разбираат, станува очигледно дека избираат да ве игнорираат. А да не се споменува разликата помеѓу она што вие го кажувате и она што тие го слушаат. Ова се неколку фрази што би можеле да ви звучат познато:

Вие велите: – Можеш ли, те молам, сега да ги измиеш забите? Тие слушаат: – Можеш ли, те молам, сега да скокаш по креветот, да се скриеш во другата соба, да ја извлечеш книгата од полицата, да боиш секаде освен на хартијата и потоа да се довлечкаш до тоалетот и да ја измиеш устата со малку вода?

Вие велите: – Можеш ли сега, те молам, да се облечеш? Тие слушаат: – Те молам, врати се во дневната соба само со еден чорап, еден чевел, три пара долна облека и костим за капење.

Вие велите: – Време е за кревет! Тие слушаат: – Можеш ли сега да бараш грицки и чаша вода пред да ми кажеш (прв пат денеска) дека наутро мораш да донесеш… за активност во градинка?

Вие велите: – Брзо, влегувај во автомобилот! Тие слушаат: – Оди назад дома и остани во веце најдолго на светот…

Вие велите: – Те молам, среди ја својата соба. Тие слушаат: – Те молам, оди во својата соба, пробај 15 различни фустани, направи шатор од своите ќебенца и постелнината и скрати ѝ ја косата на секоја кукла што ја имаш.

Вие велите: – Остави го кучето на мир. Тие слушаат: – Повторно повлечи го кучето за опашката, обожава кога му го правиш тоа.

Вие велите: – Побрзај, веќе доцниме. Тие слушаат: – Мислам дека сега е одлично време да почнеш да бараш некоја играчка што ја доби за Божиќ пред три години и која можеби е, а можеби и не е фрлена во ѓубре минатата година.

Вие велите: – Изеди ја вечерата докрај. Тие слушаат: – Можеш да избегнуваш да ја изедеш оваа вечера и јас ќе ти направам три други ако во следните 15 минути кажуваш колку го мразиш она што е во чинијата.

Вие велите: – Нема десерт. Тие слушаат: – Десертот е само 35 каприци оддалечен!

Вие велите: – Добра ноќ! Тие слушаат: – Се гледаме за неколку часа кога слободно ќе дојдеш до мојот кревет и ќе ми ја украдеш перницата.

Добрата вест е дека ги сакаме до вселената и назад, а тука преводот не е потребен.

Автор: Џена Галина

Автор: Ана Шефчек

Извор

Извор



912

X