Колапсот на национално ниво во читањето кај американската младина во последно време им го привлече вниманието на писателите, воспитувачите и владините бирократи.

Најновата анкета на Министерството за образование на САД покажа дека вештините за разбирањето на текст од страна на 13-годишниците се намалило во просек за четири поени од учебната година 2019-2020 погодена од ковид-пандемијата, и уште поалармантно е дека просечниот пад е седум поени во споредба со бројката од 2012 година. Резултатите за учениците со најлоши резултати паднаа под нивото на вештини за читање забележано во 1971 година, кога било спроведено првото национално истражување.

Сосема очекувано, вината за оваа лоша вест политичарите ја препишуваат на ковид-19 и заклучувањето. Учењето од далечина беше лошо за студентите, според претставници на администрацијата на Бајден, така што пандемијата мора да биде главниот негативец. Здравиот разум ни кажува дека детето оставено само во својата соба, зјапајќи во сликата на наставникот на компјутерскиот екран (со паметен телефон блиску до рака, но скриен од очите на наставникот), не е целосно фокусирано на учење.

И додека сите велат дека виновникот е пандемијата, во оваа дебата имаше малку дискусија за физичкиот предмет што повеќето деца го користат за читање, кој беше присутен долго време пред ковид-пандемијата: осветлениот екран што прикажува пикселизиран тип наместо печатен или фотокопиран текст. Што ако главниот виновник за падот на средношколската писменост не е ниту вирус ниту учење од далечина?

До неодамна немаше научен одговор на ова прашање, но наскоро треба да биде објавено револуционерно истражување од невронаучниците од колеџот за наставници на Универзитетот Колумбија: за „подлабоко читање“, постои јасна предност за читањето текст на хартија наместо на екран, каде што се забележува „плитко читање“.

Користејќи примерок од 59 деца на возраст од 10 до 12 години, тим предводен од д-р Карен Фроуд побарал од испитаниците да читаат оригинални текстови во двата формати, додека тие носеле мрежи за коса со електроди кои на истражувачите им овозможиле да ги анализираат варијациите во реакциите на мозокот на децата.

Фроуд и нејзиниот тим биле внимателни во своите заклучоци, но наведуваат дека образовните системи не треба да ги фрлат печатените книги бидејќи имаат предност за длабочината на обработка кога децата читаат од хартија.

Извор



912

X