Воспитување

Истражувањата откриваат кое дете е најпроблематично во семејството

Ако имате браќа и сестри, веројатно веќе сте забележале колку се разликувате. Иако делите гени, сличностите честопати завршуваат тука. Дали некогаш сте се запрашале дали би биле различни ако се родевте најстари, како брат, или ако бевте последни, како разгалена сестра? Според најновите истражувања, редоследот на раѓање во голема мера влијае врз односите меѓу браќата и сестрите.

Ако сте пораснале со постар брат, веројатно знаете дека понекогаш може да биде многу груб, и не сте единствените. Психолозите од Универзитетот во Ворвик следеле 6.838 деца сè додека не наполниле 12 години и ги анализирале семејните односи.

Резултатите покажале дека постарите браќа се често поагресивни и посклони кон малтретирање на помладите браќа и сестри, особено во поголемите семејства. Студијата покажала дека дури 69 % од насилниците меѓу браќата и сестрите биле момчиња.

Д-р Карен Гејл Луис објаснила како впечатоците што ги формираме за браќата и сестрите во раното детство можат да останат „замрзнати“ и да влијаат врз начинот на кој ги перципираме во зрелоста, без оглед на тоа какви промени се случиле подоцна.

Никогаш не споредувајте ги децата

Истражувачите веруваат дека агресивното однесување кај постарите деца произлегува од потребата за родителско одобрување и од класичната борба за статус на омилено дете.

-Многу е лесно да се падне во стапицата на споредување на децата. На пример, реченица изговорена тивко, на пример: „Сакам да беше повеќе како твојот брат и да ме слушаше кога ти кажував нешто“, може да предизвика силно соперништво меѓу децата – истакнува семејниот терапевт Моника Рамунда.

Најстарото дете уживало во целосното внимание на родителите пред доаѓањето на помладиот брат или сестра. Со раѓањето на новото дете, ова внимание се дели, што често предизвикува љубомора и чувство на безвредност кај постарото дете и може да се претвори во агресија кон помладото.

Ако родителите имале хармоничен брак, односите меѓу децата биле попозитивни. Но, во семејствата со поголема тензија меѓу родителите, имало и повеќе насилство меѓу браќата и сестрите.

Како заклучок, истражувањето потврдило дека малтретирањето меѓу браќата и сестрите е природен механизам за воспоставување хиерархија, а постарите деца се посклони кон такво однесување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top