За многу мажи, присуството на чинот на раѓање на нивното дете е важен и емотивен настан. Сепак, еден од водечките светски гинеколози, Мишел Одент, смета дека присуството на таткото може да го направи породувањето подолго, поболно и покомплицирано.

„Пристигнувањето на бебињата на светот би било поедноставно доколку жените останат сами со бабицата која ќе им помага, како што било и во минатото“, вели Одент и објаснува зошто идеалната средина за породување на жените генерално не ги вклучува мажите.

„Посетувајќи породувања во болниците во Франција, Англија и Африка повеќе од 50 години, најдоброто опкружување што го знам за лесно породување е кога нема никој околу родилката, освен тивка и искусна бабица. Значи, нема лекар и нема маж. Породувањето е полесно и побрзо во вакви ситуации отколку кога има други луѓе наоколу, особено машки фигури – сопрузи и лекари – изјавил лекарот.

Одент објаснува дека присуството на мажот го стимулира производството на адреналин кај жените, хормон кој ги прави напнати и го забавува природното производство на окситоцин, кој пак, е од витално значење за породувањето.

„Доколку има недостиг на окситоцин, породувањето не е толку ефективно и целиот процес станува потежок. Породувањето станува подолго, поболно и потешко бидејќи хормоналната рамнотежа кај жената е нарушена, поради несоодветната средина. Ова го објаснува фактот дека сè повеќе жени денес се породуваат со царски рез“, тврди тој.

Мажите почнаа да присуствуваат на породувањата во 50-тите години. Одент го поврзува ова со „индустријализацијата на породувањето“, кога жените почнаа да се породуваат во болници наместо дома и сакале некој да ги поддржи во текот на процесот. Инаку, Одент е застапник на породувањето во вода, ја нагласува важноста на контактот кожа со кожа по породувањето, а исто така ги поттикнува жените да го дојат детето во првиот час по раѓањето.

Извор



912

X