Здравје

Исхраната на мајките во периодот на доењето

За мајката да обезбеди доволна количина квалитетно млеко за бебето, би требало да води сметка за исхраната во периодот на доењето. Покрај тоа што исхраната мора да биде балансирана, потребно е и за време на доењето да се придржува до следните правила:

1. Јадете кога сте гладни.
2. Не прескокнувајте го појадокот бидејќи тој го покренува метаболизмот.
3. Јадете разновидна храна бидејќи различноста на мириси и вкусови во млекото ќе му помогне на вашето бебе полесно да ја прифати немлечната храна.
4. Житариците нека бидат основа на оброкот, како што е интегралниот, кафеав ориз (се спречува запекот).
5. Овошјето и зеленчукот се особено важни бидејќи ги содржат потребните состојки и витамини.
6. Внесете протеини преку млеко, риба, јајца или месо (месото ќе ја задоволи и зголемената потреба за витаминот Б6, железото и цинкот).
7. Пијте и пред да бидете жедни, и тоа вода, природни сокови од овошје и зеленчук, млеко, супа… Земете чаша вода или цеден сок секогаш кога го доите бебето.
8. На мајките што дојат им е потребен калциум. Најдобри извори на калциум се: брокулата, зелката, сокот од портокал, житариците, тиквата, лососот.

За време на доењето избегнувајте:

– слатка и мрсна храна, како и слатки сокови;
– јаткасти плодови;
– алкохол и цигари;
– грицки;
– кофеин (може да предизвика гасови кај бебињата);
– лута храна и храна со силен мирис, на пример, лук, брокула, карфиол, зачини, грав (може млекото да го направи непријатно и кај некои бебиња да предизвика вознемиреност);
– одредени лекови (проверете со лекар што можете да земате);
– интензивни, строги диети.

За исхраната во периодот на доењето консултирајте со педијатарот на бебето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top