Ако немате подготвено име за вашето бебе, овие прекрасни пролетни денови можете да бидете инспирирани од сешто. Пролетните бебиња, знаеме, веќе се многу посебни.
Пролетни имиња за девојчиња:
Весна – Ова е неизбежно име кога станува збор за пролетта затоа што Весна е старата словенска божица на младоста и пролетта. Не е често денес, но зошто да не го вратиме повторно во мода?
Цвета – Ако нешто нè здружува во пролет, тогаш тоа се цвеќињата, а ова име во сите свои варијанти ја носи пролетта.
Лилјана/Лили – Ова име произлегува токму од цветот лилјан, кој е познат како нежен, рафиниран вид на цвет.
Нева / Невена – Додека првата варијанта е почеста денес, втората била почеста пред една генерација.
Иванка – Едноставен и убав цвет кој im е омилен на многумина кои сакаат скромни цвеќиња, па дури и името предизвикува чувство на приврзаност. Но, во исто време, ова е име што е изведено од името Ивана, и затоа може да го носи и значењето – „Бог е милостив“.
Ружа/Роза – Можеби ова звучи како име за постара сосетка, но трендовите се менуваат, а Ружа/Роза звучи навистина прекрасно.
Далија – ова име може директно да нѐ потсети на цвет со исто име, но покрај тоа ова е име од хебрејско потекло и означува „тенка, вита, млада гранка“ или лоза, како симбол на романса и занес. Покрај тоа, Далија може да потекнува од балтичката митологија каде што е позната како божица на судбината.
Флора – Иако може да потсетува на сè што има врска со цвеќиња и со тоа да потсетува на пролетта, Флора е позната и како римска божица на цвеќињата, но и на пролета и плодноста.

Ирис – Колку романтично може да звучи ова име? Тоа е само реторичко прашање. Името е прилично заборавено. Инаку, значењето е романтично – Ирис е божица на виножитото и гласник на боговите во грчката митологија. Затоа, може да се толкува како „онаа што блеска со бои на виножитото“ или како „онаа што е среќна“.
Лада – Иако е помалку позната, Лада била божица на љубовта, плодноста, среќата, убавината – сè што можеме да поврземе со пролетта. Според некои извори, таа била мајка на божицата на пролетта, Весна.
Анастасија – Ова име честопати им се давало на девојчиња родени околу Велигден затоа што се смета дека е изведено од грчкиот збор „анастази“, што значи воскресение.
Маја – Ова име го носела најубавата од Плејадата (седум сестри нимфи) од грчката митологија, и таа била божица на планините и полињата, во кои најмногу уживаме кога е пролет.
Аурора – таа била римска божица на зората, и на латински значењето е „зора“, т.е. – „зазорување“.
Јасмина / Јасминка – Ова име потекнува од името на цветот јасмин, кој се смета за симбол на убавина, свежина, мирис. Покрај тоа, на арапски јазик зборот „Јасмин“ означува „цвет“. Се смета за женствено и елегантно.
Зора – Според грчката митологија, Зора била божица на зората, додека во античката словенска митологија таа претставувала персонификација на зората и не била божица. Но, зората е нешто по што се препознава пролетта кога светлината се појавува порано. Зора е постаро име, но денес е доста модерно.
Пролетни имиња за момчиња:
Јасмин – како и во женската варијанта, ова име го означува типот на цветот јасмин, или оној што се смета за нежен и елегантен.
Невен – друго име што потекнува од името на цветот. Било доста популарно некое време, но неговата популарност е помала денес, така што ова може да биде избор на родителите кои сакаат да се вратат во некои постари времиња. Иако означува цвет, името носи одредена сила во него.
Стрибор – Иако ова име е познато од бајка, Стрибор бил всушност стар словенски бог на ветрот, а според некои, бог на небото и воздухот. Името звучи многу романтично, но и моќно.
Вито – Според некои толкувања, ова име потекнува од латинскиот збор што укажува на „живот“, а тоа е она што секогаш велиме дека се буди во пролетта – животот.
Автор: Наташа Крстичевиќ