Невработената мајка Андреа Олсон вели дека комуникацискиот метод на елиминација била „најдобрата работа што некогаш ја направила“. Таа е мајка на пет деца, па открила зошто ги отстранила пелените и во моментите кога децата треба да извршат нужда, таа ги придржува над мијалникот во тоалетот.

Андреа е од САД и стои зад профилот на „Инстаграм“ – „godiaperfree“, па објаснува дека оваа постапка ѝ го трансформирала животот кога нејзините деца биле мали, а таа избегнала да се справува со многу валкани пелени.

– Пријател на пријател објави на „Фејсбук“ дека нивните деца не користат пелени – едноставно ги држат своите бебиња над веце-школката или над нокширот од самото раѓање и избегнуваат валкани пелени“ напишала Андреа за еден блог. „Ја сум ЗА! Како да се приклучам? Сè уште немам бебе! Ниту постојан партнер!“, си помислила Андреа. Но, по четири години таа и нејзиниот сопруг добиле деца и се одлучиле да ја испробаат оваа техника. Елиминациската комуникација вклучува слушање на сигналите и знаците од бебето, на пример спуштање надолу и мавтање, што би значело дека најавува оти има физиолошка потреба.

Откако родителот ќе ги препознае овие сигнали, го зема детето и го држи над нокшир или веце-школка (или во случајот на Андреа над мијалникот во тоалетот), за да му овозможи да врши нужда на соодветно место.

– Ова беше најдобрата работа што ја направив. Се посветив да ги научам моите деца на овој начин на вршење нужда и сигурна сум дека станав подобра мајка поради тоа. Бев вклучена, поврзана и имав чувство дека знам како да направам барем две работи за моето бебе: да го негувам и да му помогнам да изврши нужда. За мене, тоа значи градење на голема самодоверба – раскажува Андреа.

фото: Инстаграм

Поддржувачите на елиминациската комуникација многу коментираат во врска со предностите на овој начин, тврдејќи дека е подобро за кожата на бебето, се намалува трошокот, се формира посилна врска помеѓу родителот и детето. Андреа објаснува: „На овој начин на нашите деца им е многу попријатно, не се иритирани и поздрави се. Ги избегнуваме иритациите на кожата, запекот, безброј несреќи, непотребни изливи на бес, непостојано однесување и мокрење во кревет. Исто така, заштедивме речиси 10 илјади долари и ги одгледавме нашите деца без непријатната миризба од валканите пелени“.

Оваа мајка објаснува дека успехот од примената на овој начин на одгледување на децата се должи на два лесни трикови.

„Прво, не ја користиме елиминациската комуникација 24/7 за секое мокрење – тоа го правиме одреден дел од времето, со целосна свесност. Но, секогаш гледаме на пелената како на резервен план, а не тоалет. Второ, користиме пелена само додека бебињата не почнат да одат. Имаме помалку стрес. Се држиме до одреден вид постојаност и ја поддржуваме хигиената на нашите деца на еден предвидлив начин, а тие го следат примерот“.

 

 

View this post on Instagram

 

Apparently running some water on her foot💦 (and watching her sphincters for done-ness in the mirror on the back of the sink) helps when she’s constipated. I do potty her on the sink when she’s constipated – deep squat makes the canal shorten and things run more efficiently! Then I flush the poop in the toilet and sanitize with a bleach wipe. We are currently transitioning her to the big toilet with a seat reducer and she finally pooped on it last week! Progress. 💁‍♀️But when she’s constipated? #gottadowhatyougottado ▫️ ▫️ 📕 Start EC easily with my popular book, Go Diaper Free – godiaperfree.com/thebook + link in Insty bio. ▫️ ▫️ xx Andrea at godiaperfree.com ▫️ ▫️ #eliminationcommunication #babypotty #pottytricks #pottytrained without #pottytraining #happybaby

A post shared by Go Diaper Free • Andrea Olson (@godiaperfree) on



912

X