Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Син ми има 12 години и воопшто не се однесува како неговите врсници. Зборува поинаку, не знае да разговара соодветно со негови врсници, нема другари… често беше изложен на булинг во училиштето, за што навреме реагиравме. Дозволува секој да го малтретира, не знае да се одбрани и нема самодоверба. Кога учи нешто што го интересира, се фиксира само на темата и станува многу спремен за неа. Вниманието му трае некое време, а потоа преминува на друга тема и сѐ така во круг. Шета во круг кога е вознемирен, не сака да оди на училиште, вели дека има дете од друг клас кое му покажува фашистички работи, а тој се плаши од фашисти (тоа е темата на која е фиксиран моментално, историја и географија). Како одеднаш да прави промена во однесувањето – денес е супер, сѐ е нормално, утре во одреден момент влегува во тоа расположение на заговори… Ве молам помогнете ми, мислам дека навистина на син ми му треба детален преглед, загрижена сум за неговото ментално здравје и за неговата безбедност.

ОДГОВОР: Сосема ја разбирам вашата загриженост, како и состојбата на вашето дете. Во вашиот исказ не споменувате дали однесувањето отсекогаш беше карактеристично за вашето дете, дали детето посетуваше градинка и притоа исто така беше асоцијално и оддалечено од врсниците.

Доколку не, од кога почнува да станува карактеристично однесувањето. Она што во моментов во вашиот исказ го опишувате бара посебна психолошка процена, психолошки третман и семејно системски третман со кој би се зајакнале силата и самодовербата кај детето, би се надминале непријатните искуства, како и последиците од врсничкото насилство на здрав и соодветен начин.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X