Играта е средство кое може да ни укаже на развојот на детето. Играта е опсег на внатрешно мотивирани активности кои вообичаено се поврзани со задоволство и уживање. Играта претставува медиум за изградба на цврста и здрава врска во релацијата дете – возрасен, за надминување стресни ситуации и учење и стекнување социјални вештини. Низ процесот на игра  детето има чувство на сигурност, исполнетост и моќ. Во играта, исто така,  деца носат многу работи кои ги имаат преживеано во текот на денот или периодот. Во зависност од возраста на детето, играта се приспособува на неговите можности. Слободната игра стимулира дивергентно размислување, додека пак игрите со имагинација даваат поголема креативност.

Сензорна и физичка игра се базира на рефлексни реакции, кај децата од 10-12 недели се воспоставува координација око-рака, 17-18 недели се воспоставува координација око-рака-уста, 5,5-6 месеци истражуваат координација око-нога-уста. Во првите месеци информациите се добиваат по пат на сетилата.

Симболичка игра – се јавува пред 1 година. Детето иако не зборува, ги имитира возрасните преку невербалната комуникација. Препознавање предмети и нивна класификација се забележува кај деца на возраст од 18 до 24 месеци, на 2 години започнуваат игри со преносно значење (секој предмет од реален свет е прикажан со материјали, само што не спознаваат големина и пропорција на играчката), 3-4 години започнува креативната и имагинативната игра, во некои игри децата немаат развиено свесност за потребите на другите.

Кај децата со аутизам се забележува слободната игра. Постои отсуство во размена на играчките, вклученост во друштвените игри, а недостига функционалната и симболичка игра.

Кај децата со оштетен вид се забележува игри со акцент на телесната шема со доцна појава на игри со имитација и сиромашна симболична игра.

Децата со интелектуална попреченост се вклучуваат во игри кои се конкретни и интересни според нивните развојни карактеристики.

Деца со АДХД, нарушено внимание, се вклучуваат во игри со интеракција, игри со меморија и когнитивни активности.

Препораки за користење игри според развојот по месеци:

-0-6 месеци се користат црно-бели играчки, тропалки и играчки со едноставен дизајн.

– 7-12 месеци се користат меки играчки, играчки со влечење, туркање, играчки со редење и играчки со отворање и затворање.

– 12+ месеци се користат коцки, сложувалки со 3-5 дела.

– 2 години се користат големи конструкции со коцки, вклучување ритмички инструменти, спознавање превозни средства.

– 3-5 години се користат играчки за проприоцептивен и вестибуларен систем (баланс штици), играчки што се движат, сложувалки со повеќе делови).

Со игровниот процес се прави процена на моторните, когнитивните вештини, како и на емоционалниот развој на детето.

Низ играта терапевтот дознава информации кои детето не може и не сака да ги сподели со родителот. Играта се приспособува според возраста на детето и неговите капацитети. Но, исто така, со играта освен што сознаваме информации за детето, таа има и поучувачка форма.

Предлог-активности кои може да ги направите во домашни услови за да го насочите и задржите вниманието на детето, а притоа детето да се стекне со знаење од целта на таа игра. И во слободната игра и во играта со правила децата доаѓаат до информација која е од важност.

Игра со препознавање на овошјата, нивна идентификација

Игра со поставување топка сладолед според бојата на овошјето од шематскиот приказ

Автор: Теодора Томовска Ристовска, специјален едукатор и рехабилитатор, гешталт-терапевт во едукација



912

X