Воспитување

Играњето со кукли наместо на телефон го поттикнува развојот на децата

Родителите, под изговор дека технологијата во денешно време е начин на живот, многу лесно на своите деца им даваат апарати да ги користат уште од најрана возраст за да им го олеснат секојдневието. Но, новото истражување спроведено од Универзитетот во Кардиф открива дека децата што си играат со кукли повеќе размислуваат за туѓите емоции, но и за своите мисли отколку децата што повеќе користат дигитални уреди.

Авторот на студијата, д-р Сара Герсон, рекла дека децата, играјќи си со кукли, всушност играат игра со улоги, онака како што ја гледаат во реалниот живот. Тие покажуваат повисоко ниво на социјално и емоционално созревање и градат емпатија што ја интернализираат и останува со нив до крајот на животот.

Што се случува во мозокот на детето додека си игра со кукли?

Истражувачите набљудувале 33 девојчиња и момчиња на возраст од 4 до 8 години како си играат со барбики или таблети. Д-р Герсон објаснила дека играњето со кукли го поттикнува развојот на ISL (internal state language), кој всушност е единствениот показател за општествениот развој на детето, бидејќи овој облик на игра децата ги поттикнува да го кажуваат наглас она што го мислат и чувствуваат. Таа додала дека развиениот ISL укажува дека децата размислуваат за туѓите емоции, мисли, знаење. Тоа значи дека на тој начин тие всушност развиваат клучна социјална вештина која ќе им биде од голема корист во текот на нивниот живот.

Во текот на истражувањето биле користени технологии кои им овозможиле на истражувачите да го набљудуваат мозокот на децата за време на играње (инфрацрвена спектроскопија) со кукли, односно уреди. Утврдено е дека куклената игра го активира делот од мозокот одговорен за емоционалниот развој и социјалните вештини (pSTS). Од друга страна, играњето на дигитални уреди не ги охрабрува децата да „уживаат“ во улогите или да развиваат социјални вештини, покажало истражувањето.

А колку време е дозволено пред екраните?

Екраните денес се насекаде околу нас, па затоа е многу тешко да се контролира нивната употреба. Меѓутоа, експертите од клиниката „Мајо“ велат дека премногу време пред екранот предизвикува неправилен и лош сон, проблеми во однесувањето, побавен јазичен и социјален развој, насилничко однесување, тешкотии во учењето, но и проблеми со прејадување.

Како да се ограничи времето пред екранот? И колку?

Американската академија за педијатрија и клиниката „Мајо“ велат дека децата помлади од 18 години не треба да имаат пристап до екрани. На оние од 18 до 24 месеци не им е дозволено да поминуваат време сами пред екран, ниту пак да им се даваат телефони и таблети в раце. За деца од две до пет години, апсолутен максимум пред екранот е еден час дневно – исклучиво едукативна содржина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top