Воспитување

И со знаковен јазик може да се решат изливите на бес кај децата

Естефани Аревало е глува мајка и има семејство во кое и другите членови не слушаат. На нејзиниот профил на „Тик-ток“ таа ја шири свеста за глувите луѓе, особено кога станува збор за воспитувањето деца. Во своето едукативно видео ја објаснила ситуацијата која е толку вообичаена во семејство со мали деца – кога нејзиниот глув син има тантрум и излив на бес и тоа во моментот кога нетрпеливо го чека ручекот. Таа многу успешно ја решава оваа ситуација, како што можете да видите на видеото:

Естефани објаснува:

-Двајцата сме глуви родители, првата генерација глуви лица во нашите семејства, па нашата ќерка е глува, а нашиот син со оштетен слух. Значи сите сме глуви – и не, тоа не е генетска глувост! Ретка појава е да се имаат глуви деца од глуви родители, бидејќи над 90% од глувите и наглувите деца се родени од родители со слух. Сакаме да ја шириме свеста за важноста на пристапноста на глувите и наглувите децата до знаковниот јазик. Без разлика дали користат слушни помагала или избираат да комуницираат вербално, со владеењето на знаковниот јазик во нивните животи им се гарантира полесно живеење и напредување. Ние комуницираме користејќи американски знаковен јазик и читаме/пишуваме англиски, како наш втор јазик. Моментално ја учам ќерка ми дома и уживаме во учењето математика, јазични вештини и занаетчиски активности! Нашиот син пак, сака да чита книги – објаснила мајката.

Ако знаковниот јазик беше забранет за глувите деца, тоа ќе им отежнеше да научат да комуницираат и да се вклопат со другите. Сепак, обезбедувањето пристап до знаковниот јазик им овозможува целосно да се изразат и да напредуваат во нивните заедници, додала мајката.

-Како малцинство од 10% глуви родители со глуви деца, ја разбираме важноста од негување силен идентитет на глувите лица и обезбедување простор за поддршка за нашите деца во однос на нивниот напредок. Со споделување на нашите искуства, се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за важноста на прифаќањето на знаковниот јазик, како природен начин на комуникација – и дома и во пошироката заедница – заклучила мајката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top