Според истражување спроведено од „Галуп“, жените имаат поголема веројатност да работат надвор од домот и уште поголема веројатност да ги извршуваат и обврските дома. Поголема е веројатноста жените да го чистат домот, да приготвуваат оброци и да се грижат за децата на дневна основа, се заклучува во извештајот.

И жените изјавуваат дека тие извршуваат поголем дел од „когнитивните“ работи во домаќинството, како и донесувањето одлуки.

Се разбира, да се биде родител кој нема никакви обврски во врска со детето и домот не е проблем, освен ако е проблем за лицето што ја извршува целата работа. Но, кога тежината на обврските (прегледи на лекар, готвење, проекти од училиште и слично) ќе почне да го уништува едниот родител, време е за промена.

Како да направите големи промени без да предизвикате големи расправии?

1. За почеток, отфрлете ја идејата за 50/50 партнерство

Разговорите околу праведноста дома честопати се однесуваат на идејата дека поделбата 50/50 е праведна. Но, Ив Родски, адвокатка, мајка и автор на книгата „Фер игра“, вели дека поделбата 50/50 е глупава.

– Она што е фер не е секогаш еднакво, а она што е еднакво не е секогаш фер – вели таа.

Така, ако има 100 различни задачи поврзани со домаќинството и децата, голема е веројатноста дека едниот ќе има 50, а другиот 50. Но, она што треба да го направите е да седнете и проактивно да ги поделите задачите.

2. Разговарајте за тоа кој која задача ќе ја извршува кога сте смирени

Разговорите околу незадоволството и домашниот живот обично се случуваат кога сте напнати и под стрес. Затоа не е добро тогаш да седнете да разговарате. И не аргументирајте со поплаки. Наместо тоа, кажете ги аргументите како нешто што сте го набљудувале: – Забележав дека јас извршувам многу обврски, и тоа за мене е премногу. Дали и ти имаш забележано?

3. Утврдете дека ако имате одредена задача, треба да ја направите од почеток до крај

Важно е кога ги делите задачите да поставите основно правило дека одредена задача значи да се запомни, испланира и да се реализира, без потреба едниот да го потсетува другиот за неа. Многу често конфликтот се јавува кога партнерот што ја има задачата се вклучува во неа само во крајната фаза, со што менталниот товар е на родителот кој постојано ги извршува задачите.

4. Прифатете минимален стандард на грижа

Паровите честопати се расправаат не само за тоа што треба да се направи, туку и како треба да се направи, како да постои некаков универзален стандард. Но, начинот на кој вие правите нешто не е нужно вистинскиот начин. Ниту пак е фер ако партнерот ја направи задачата, но ја направи лошо.

Ако одлучите да ги замените задачите, тогаш важно е да се согласите за минималниот стандард на грижа за задачата. Дали разумна личност, под слични околности, ќе ја изврши задачата приближно на ист начин како вас? Ако е така, супер, сте го исполниле минималниот стандард за грижа. Ако не, тогаш всушност не сте ја извршиле задачата.

– Паровите треба да сфатат дека она што е важно за едниот, не е важно за другиот. Затоа е потребен минимален стандард на грижа – вели Родски.

5. Искрено (и редовно) проверувајте го нивото на вашето незадоволство

Анализирајте ги вашите чувства за работата што ја извршувате дома, како и психичкиот, емоционалниот и физичкиот товар што го носите.

Се чувствувате како да правите многу повеќе од вашиот партнер? Дали тоа ве вознемирува? Можеби не, можеби понекогаш. Затоа е важно да ги преиспитате вашите чувства околу обврските. Според Родски, создавањето и одржувањето порамноправна ситуација е поврзано со свеста и комуникацијата.

Автор: Катерин Пеарсон

Извор
Подготвил: Тамара Гроздановски



912

X