Ние, возрасните, не сме единствените што се борат со стравови и грижи – истото го прават и децата. Терапевтите велат дека грижите на детето се менуваат во зависност од возрасната група или фазите на развој.

Зошто децата имаат грижи?

Децата имаат различен темперамент. Некои бебиња се порелаксирани, додека други се поанксиозни, некои плачат, а некои не итн. Анксиозноста е навистина проблем само ако го попречува когнитивниот, емоционалниот или социјалниот развој на детето, Но, зошто децата се грижат навистина? Тоа е наједноставниот период од животот. Всушност, сè е поврзано со мозокот. Накратко – децата се анксиозни поради темпото со кое се развива нивниот мозок. За тој период, детето апсорбира и се обидува да интерпретира голема количина на надворешни стимулатори, како луѓето, средината, местата и предметите. За работите да бидат покомплицирани, способноста за справување со грижата и анксиозноста кај нив не се развива сè до адолесценцијата. Па, затоа дете, дури и тинејџер, може да има излив на бес, бидејќи ја чувствува фрустрацијата што не е разбрано. Стравот од непознатото е многу природен дел од растењето. Поврзан е со делот од мозокот наречен амигдала. Мозокот, исто така, расте најбрзо од 0 до 6 години, во споредба со кој било друг период во животот, што е и двојна тешкотија за анксиозноста.

За што се грижат децата?

Дете не почнува да ги изразува мислите и чувствата сè додека не наполни 3 години. Вообичаено, околу 8-годишна возраст почнува сето тоа да го прави со малку кохерентност. Па, природно е да бидете љубопитни за грижите на вашето дете. Важно е ако се сомневате дека неговата анксиозност му го попречува развојот и дека детето страда од потенцијално психолошко нарушување, треба да побарате совет од детски психолог или терапевт.

Листа со грижи и што стои зад нив во зависност од возрасната група:

Бебиња и мали деца (0-2 години)

Да бидат разделени од родителите. Околу 8 до 10 месеци, бебињата веруваат дека она што го снемува привремено, исчезнува засекогаш. На пример, кога ќе излезете од собата, детето мисли дека сте заминале засекогаш. Потоа помислува на фактот дека сте некаде и почнува да го чувствува стравот од разделба. Сето тоа е бидејќи ве сака.

Силни звуци. Мозокот на бебето е многу чувствителен на премногу информации. Силен звук ќе го стави мозокот во состојба на аларм.

Надворешен „локус на контрола“. Кога вашето малечко почнува да ги прави првите чекори, тоа почнува да го добива чувството на независност. Чувствува голема потреба да има контрола над својата средина. Сè што изгледа дека е надвор од неговата контрола, може да изгледа застрашувачко (молња, свирење од автомобил итн.).

Деца од претшколска возраст (3-5 години)

Страв од темнина/да бидат сами во текот на ноќта. Децата од претшколска возраст имаат тешкотии да ја одвојат фантазијата од реалноста. Сепак, ако детето ја поврзува темнината со нешто страшно, многу е веројатно да дојде во вашата соба навечер.

Луѓе во костими (Дедо Мраз и сл.). На децата не им е пријатно со непознати. Голем човек во црвен костим, бела брада и чудна црвена капа нема да ги импресионира многу. Веројатно воопшто нема да им се допаѓа додека не пораснат и тој лик не им стане познат.

6-11 години возраст

Страв од непознати, темница, да се биде сам и други работи што се надвор од нивна контрола, претежно се доминантни стравови кај децата на возраст од 6-7 години. Потоа, децата повторно се плашат од тие работи околу 11-12-годишна возраст:

Да се биде сам дома – Иако се постари, малите деца сè уште ја ставаат под знак прашалник својата способност да се справат со неизвесниот свет без мама и тато. А додајте ја на тоа и нивната живописна имагинација и ќе сфатите.

Да се биде отфрлен – Децата се загрижени за тоа што „таму надвор“ има голем непознат свет. Длабоко во нашата потсвест е знаењето дека природно ние сме всушност социјални суштества. Отфрлањето од претставник на истиот вид ретко е добредојдено за време на развојот.

Нешто лошо да им се случи на оние за кои се грижат – Децата започнуваат на некое ниво да разбираат дека смртта е неизбежна. Па така, почнуваат да размислуваат дека нешто лошо и сериозно може да им се случи на лицата или миленичињата што ги сакаат.

Адолесценти (12 години и нагоре)

Нивниот имиџ (изглед) – Адолесценцијата е период кога почнуваме да го поставуваме прашањето: „Кој сум јас и што правам овде?“ На таа возраст децата целосно ја сфаќаат важноста на социјалните интеракции, како што транзитираат од семеен систем за поддршка на врснички систем.

Нивните оценки или перформанси (изведба) – Адолесцентите почнуваат да ги сфаќаат последиците од неуспесите, па тоа им предизвикува страв. Децата што се ориентирани кон постигнување успеси особено ќе бидат строги кон себе ако имаат лош резултат на тест или ако изгубат на натпревар.

Да ви се отворат – Адолесцентите на некое ниво ја сфаќаат важноста од утврдување на некаква независност. Комбинирањето на ова знаење со фактот дека адолесценцијата е навистина тежок период резултира со чести конфликти со самите себе.

Се разбира, најдобрата работа што може да ја сторите како родител е секогаш да бидете тука за своите деца, без разлика на сè.

Извор



912

X