Често се вели дека практикувањето грижа за себе доведува до подобро родителство. Сепак, не можете да му ставите маска со кислород на детето без да си ставите прво себеси. Се разбира дека е полесно да се каже отколку да се направи, особено за време на глобална пандемија. Но, витално е да се грижите за себе колку што можете повеќе, не само за ваше добро, туку и за децата да ја научат таа лекција од вас.

Новата книга „Институтот за детскиот ум“, која зборува за менталното здравје на децата во САД, испитува како може родителите да одгледаат отпорни и способни деца. „Ефектот скеле“ им овозможува на родители неопходни алатки за „градење“ на нивните деца, па како што децата растат, родителската поддршка треба да се опушта и децата успешно да функционираат сами. Книгата е напишата од Харолд Коплевиц, објаснува зошто скеле-родителството е емоционално и ментално подобро за децата отколку хеликоптер-родителството и слично.

Како да се осигуриме дека се надградуваме себеси за подобро да ги надградиме и нашите деца? Следните извадоци ја објаснуваат важноста на родителскиот пример и методите што може да се применат:

„Во вашиот дневен распоред може да немате време да бидете во тек со емоционалните подеми и падови на децата. Но, знајте дека децата се во тек со вашите, особено децата пред пубертет. Тие го гледаат, слушаат и апсорбираат секој сигнал што произлегува од вас, дури и оној за кој не сте свесни дека го пренесувате. Кога детето поминува цел час кажувајќи му на лекарот колку е загрижено за хаотичниот работен распоред на татко си, тоа не ги решава сопствените проблеми и не напредува во терапијата. Во нетерапевтски контекст, ако вашето дете е премногу исплашено за да зборува за важен училишен проект или да открие личен проблем бидејќи се плаши дека ќе ве вознемири и ќе додаде товар на ваш грб, тоа дете не е поддржано и страда со сопствените грижи. За детето емоционално да се поддржи, треба родителот да ги препознае и сопствените емоционални потреби и да практикува грижа за себе. Детето ќе ја научи таа вредност од родителот кога ќе го гледа како го прави тоа. Сите сакаме нашите деца да знаат како да се релаксираат, зарем не?

Како да успеете во ова?

Треба да обезбедите структура, поддршка и охрабрување за детето. А тоа треба да го направите и за себе. За таа цел, водете се од истата програма?


Изводлива структура – Ако вашиот живот е претворен во трчање од едно до друго место, живеењето под постојан стрес ќе влијае врз целото семејство, што значи дека имате структура на неодржливо постоење. Направете изводлива структура која вклучува квалитетно поминување заедничко време со децата и пауза за вас самите.


Поддржете ја вашата благосостојба – За да измерите дали си давате поддршка и сочувство кон себеси, прашајте се: „Дали би го третирал моето дете на овој начин? Уверете се дека детето добива квалитетен сон и се храни здраво. Но, тоа сторете го и за себе. Ако детето има проблеми на училиште, физички или емоционални проблеми, сигурно би побарале помош од експерти. Тогаш зошто не го сторите тоа и за себе? Кога ги игнорирате сопствените чувства, вие моделирате недостиг на себевредност кон вашето дете. Грижата за себе значи и почит кон себе, самодоверба и валидација на себеси. Побарајте помош ако ви е потребна и грижете за себе: јадете здраво, спијте доволно, вежбајте.


Охрабрете го трудот – Уверете се себеси дека сте добри како мајка или татко, иако вашиот живот не е „совршен“ (што и да значи тоа). Многу родители мислат дека ужасно ја завршуваат работата, па на пример, ако му се налутите на детето или му викнете, мислите дека сте потфрлиле како родител. Тоа не е баш здрава емоција и не би требало да биде внесена во домот. Ќе има периоди кога ќе мислите дека грешите, но тоа само значи дека сте човек. Прифатете го фактот дека сите имаме лоши денови и ќе бидете посмирени. Потоа охрабрете се себеси дека ќе се обидете да се чувствувате подобро следниот пат.

Автор: Кејт Аулета

Извор



912

X