Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот како тие се справуваат и соочуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Нашиот познат пејач Ѓоко Танески вели: „Мобилни телефони користиме дома, како и секое семејство. Веднаш покажаа интерес, но јас не дозволувам да го чепкаат мојот телефон. Мајка им понекогаш им дозволува“

Децата го следат времето и така треба да биде. Нашето секојдневие е врзано со технологијата. Но, ние, родителите, сме тука за да ги насочиме, да ги заштитиме. Сепак, довербата и комуникацијата со децата се најважни од сè, вели нашиот познат пејач Ѓоко Танески.
Тој и сопругата се родители на две ќерки, поголемата Анастасија, која за некој месец ќе наполни 11 години, и Михаела, која наскоро ќе има 7. Во домот на Танески е дозволено децата да користат дигитални уреди, но времето е ограничено. Покрај содржините што се под контрола, многу внимание се обрнува на тоа децата да бидат оддалечени од екраните и да бидат помалку изложени на зрачење.
– Анастасија веќе ја сметаме за поголема, ќе оди во 6. одделение. За да не заостанува зад другарчињата кои имаат телефони, ѝ дадовме смартфон, но не ја оставаме многу време да поминува на него. Ѝ објаснуваме дека треба да биде само за јавување, да може да го користи кога не е со нас или кога е на екскурзија. Кога ќе се спречкаме, има забрана за користење телефон, таблет, компјутер итн. Не знам колку е добро тоа, но го практикувам како начин што помалку да ги користат овие уреди – објаснува Танески.

Балансираме со сè

На малечката Михаела ѝ објаснуваат дека кога ќе порасне, и таа ќе има таков телефон. Засега таа има таблет, но не го користи многу.
– Со сопругата настојуваме да користат десктоп-компјутер. Така детето е помалку изложено на зрачење, поудобно му е седењето и е подалеку од екранот. Настојуваме видеата на „Јутјуб“ да ги гледаат на смарт-телевизор. Како и многу нивни врсници, и тие гледаат јутјубери. Покрај нив и ние научивме кои се – се шегува Танески.

Пренесувањето на интернет-содржините на телевизор ги штити Анастасија и Михаела и од зрачење и од несакани содржини на интернет. Така родителите имаат увид во сè што гледаат децата.
– Генерално, на тоа се базира целото користење на мрежата. И балансираме со сè – вели Танески.

Тие немаат одредено време кога да ги користат уредите. Но, времето е ограничено – по половина час уредот мора да се исклучи. Танески вели дека децата почнале да се интересираат за интернет и за содржините што може да се најдат во океанот од информации гледајќи ги секојдневните активности на родителите.

– Мобилни телефони користиме дома, како и секое семејство. Веднаш покажаа интерес, но јас не дозволувам да го чепкаат мојот телефон. Мајка им понекогаш им дозволува. Едноставно таков е системот, такво е новото време, а децата го следат времето. Но, го користиме секој момент да излеземе и децата да се надвор. Живееме во куќа и тоа е олеснителна околност, па поголемиот дел од времето го минуваме во дворот – објаснува Танески.

Меѓусебната доверба и комуникацијата се најважни

Се случило Анастасија да наиде на содржини што не се соодветни за нејзината возраст. На прашањето како реагира таа, а како тие како родители, Ѓоко објаснува дека не реагира бурно. Едноставно разговараат за сè, ѝ објаснуваат.
– Во контакт сме постојано, комуницираме, објаснуваме колку што може повеќе… Ние живееме во помал град, Охрид е помало место и побезбедна средина. Дозволени се социјални мрежи преку кои имаат помалку опции за разговори, како „Инстаграм“, на пример. „Фејсбук“ не е дозволен зашто таму има сè и сешто. Михаела сè уште е мала. Со децата имаме добра комуникација. Анастасија ни кажува што ѝ се случува, но и ние се обидуваме колку што можеме да контролираме, ги проверуваме пораките, правиме што можеме и балансираме. Но, најбитни се меѓусебната доверба и комуникацијата. Тоа е најважно – вели Танески.

Тие во моментот не користат посебен софтвер за заштита на децата од несакани содржини на интернет.
– Не користиме никаков посебен софтвер бидејќи генерално некој секогаш е дома, или јас или сопругата, или сите сме заедно. Немаме фиксно работно време, па децата никогаш не се во ситуација да бидат сами. Или се со баба им – вели Танески.

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.
Kaspersky Safe Kids е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Во моментов е актуeлна промоција на Kaspersky Safe Kids, го добивате гратис доколку купите еден од производите Kaspersky Anti Virus, Kaspersky Internet Security, Kaspersky Total Security – Multi-device, Kaspersky Internet Security for Android. Листата со локации на продажни места на Кабтел на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк: http://kabtel.mk/kaspersky_network.php

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користењето мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  •  Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фејсбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата на неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Андроид-уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!



912

X