Предолгото гледање во мобилен телефон или во компјутерски екран може да го зголеми ризикот од миопија (кратковидост) кај децата до 80 отсто, се предупредува во новата студија објавена во „Лансет диџитал хелт“.

Повеќе од 3.000 студии за врската помеѓу изложеноста на паметни уреди и миопија кај деца и млади луѓе, од три месеци до 33 години, биле спроведени од експерти од Универзитетот во Кембриџ, Англија.

Загрижувачки податоци

Истражувачите откриле јасна врска помеѓу времето поминато во гледање телефони или таблети и поголем ризик за развој на миопија кај овие возрасни групи. Само паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30 отсто, а со комбинацијата со прекумерна употреба на компјутер ризикот се зголемува на 80 отсто.

Истражувачите стравуваат дека тоа може да значи дека до 2050 година половина од луѓето во светот може да бидат кратковиди или да страдаат од проблеми со губење на видот. Во 2019 година Светската здравствена организација препорача децата под две години да не поминуваат време пред екрани, а децата од две до пет години да не поминуваат повеќе од еден час.

Но, истата година студијата на „Ценсусвајд“ спроведена на 2.000 британски семејства покажа дека децата поминуваат во просек 23 часа неделно гледајќи во екраните. Многу претходни студии покажале дека бројот значително се зголеми за време на пандемијата, бидејќи луѓето останале дома.

Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на студијата, вели дека миопијата е здравствена грижа која брзо ескалира.

– Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и покажува потенцијална врска помеѓу времето поминато пред екран и кратковидоста кај младите луѓе – рече тој.

– Јасно е дека итно се потребни дополнителни истражувања за понатамошно разбирање како изложеноста на дигитални уреди може да влијае врз нашите очи и видот. Исто така, знаеме дека луѓето не го доживуваат вистинското време што го поминуваат пред екранот, затоа идните студии треба да користат објективни мерки за собирање на овие информации – заклучува Борн.

Извор



912

X