Отсега украинските деца, доколку испратат писмо до Дедо Мраз во поштата во југозападното германско село Свети Николаус, можат да добијат одговор на нивниот мајчин јазик. Свети Николаус е село во германската провинција Сар, на границата со Франција, и е единственото место во Германија што го дели името со германското име за Дедо Мраз.

Во селото има пошта во која децата од целиот свет му испраќаат писма на Дедо Мраз повеќе од 50 години. Германскиот Дедо Мраз неодамна почна да одговара на украински јазик, изјави директорката на оваа кампања, Сабина Герек.

Од 3.000 писма испратени до Дедо Мраз, триесетина се на украински јазик од деца кои моментално се во Германија. Герек рече дека очекува повеќе украински писма во текот на наредните недели.

Во изминатите години на писмата на украинските деца им се даваше одговор на руски, но веќе не, нагласи Гереке. Децата добиваат одговори на шпански, француски, италијански, англиски и на кинески.

Дедо Мраз ќе почне да им одговара на 2 декември. Неговите џуџиња минатата година одговорија на рекордни 30.711 писма од 43 земји.

Извор



912

X