Габор Мате, канадски психолог со унгарско потекло, кој особено се интересира за развојот на децата, зборуваше на темата за развојот на мозокот кај децата и како модерното училиште влијае врз нив. Што добиваат децата на училиште и што навистина им треба?

Од тоа кои се клучните фактори за здрав и правилен развој на мозокот до тоа како децата учат најдобро и најефективно, односно како децата учеле низ историјата и како учат денес, поврзувајќи го еволутивниот развој на човекот со денешниот развој на децата, Габор Мате заклучува дека во училиште сè е погрешно.

– Во училиштата сè е погрешно. Наставниците мислат дека треба да ги учат децата на вештини и факти, и тоа се обидуваат да го направат. Но, ако погледнете повторно, низ еволуцијата, како учеле децата, ќе забележите дека тие не учеле седејќи во училниците. Учеле преку престој во природа со возрасни, преку искуство и преку игра.

Играта е клучна за здрав развој на мозокот. Како се развива човечкиот мозок?

Просечниот лекар никогаш не добива ниту една лекција за тоа како се развива мозокот, ниту пак просечниот учител. Човечкиот мозок се развива преку процес кој започнува пред раѓањето и продолжува до зрелоста.

Најважни се интеракциите на гените со околината и искуствата кои го обликуваат мозокот. Не гените, туку влијанието на искуствата врз гените од утробата до зрелоста.

Училиштата треба да се запрашаат кои услови им се потребни на децата за здрав развој на мозокот и како тие можат да ги обезбедат. Тоа прашање воопшто не им се поставува.

Децата кои играат, кои се природно љубопитни, ќе научат сè што ќе посакаат. Тие ќе научат зашто тоа е во нивната природа. Затоа, задачата на училиштето треба да биде да поттикнува здрав развој на мозокот преку негување односи, многу игра, многу интеракција, многу спонтаност, многу креативност. А децата добро ќе ги знаат фактите затоа што ќе сакаат да ги знаат – вели Габор Мате.

Извор



912

X