Како родители, примерот што им го даваме на децата со нашето однесување може многу да им влијае, но работите што им ги кажуваме се еднакво важни.

Изразите што ги користиме кога разговараме со нашите деца или само во нивно присуство не само што ги рефлектираат нашите верувања за светот, туку влијаат и врз верувањата што ги развиваат децата.

Психотерапевтот Еми Морин ја напишала книгата „13 работи што ментално силните родители не ги прават“ и во неа истакнува дека само кога родителите ќе се ослободат од своите лоши навики во воспитувањето, им даваат можност на своите деца да се зајакнат и да станат подобри луѓе. Еми вели дека многу од тие навики вклучуваат промена на вашиот јазик.

Иако некои фрази што ги изговарате редовно може да изгледаат безопасни, тие всушност можат да предизвикаат децата да растат со менталитет на жртва – или да веруваат дека не можат да успеат во животот.

Овие 5 токсични фрази родителите треба да ги отстранат од својот речник, вели Еми Морин.

1. „Никогаш нема да можеме да си го дозволиме тоа“

Ако нешто што навистина го сакате е надвор од вашиот опсег и немате пари за него, не велете дека никогаш не можете да го имате затоа што парите ве спречуваат.

2. „Многу ме нервираш“

Како родител, важно е да бидете смирени и да одолеете на нагонот да ги обвинувате своите деца – или кој било друг – за вашите лоши емоции.

Наместо да се лутите за нешто што го направило вашето дете, подобро би било да кажете: „Не ми се допаѓа кога го правиш тоа“, а потоа објаснете зошто.

Важно е децата да разберат како може нивното однесување да влијае врз другите.

3. „Ја мразам мојата работа“

Различни истражувања откриле дека нашите ставови за животот имаат големо влијание врз успехот на нашите деца, особено кога станува збор за академското постигнување. Покрај тоа, жалењето за работата ги учи децата дека работата не е забавна.

4. „Морам да одам до продавница“

Секогаш кога ќе кажете дека мора да направите нешто, вие имплицирате дека сте принудени да правите одредени работи.

Наместо тоа, покажете им на децата дека управувате со вашето време: ваше е да одлучите што ќе направите и кога и како ќе го направите тоа.

За да бидат успешни, децата мора да разберат дека животот е прашање на избор.

Се разбира, секогаш ќе има нешто што тие не сакаат да го прават, но треба да го направат, на пример, да си легнат во разумно време или да јадат зеленчук.

Во овие ситуации би било корисно да објасните зошто од нив се бара да го направат тоа. Кога децата ќе ја разберат важноста на задачата, најверојатно ќе ја завршат.

5. „Сè ќе биде добро“

Ако вашето дете не е избрано да биде во фудбалскиот тим, убедувањето дека сè ќе биде добро нема да го подготви за во иднина. Наместо да му кажувате дека секогаш има среќен крај, научете го дека е доволно силно да се справи со животните тешкотии.

Можеби вашето дете треба само да вложи повеќе време и напор.

Гушкајте го, охрабрете го да продолжи да вежба и обидете се повторно кога ќе се чувствува подготвено.

Автор: Ејми Морин

Извор



912

X