Оние од нас што се среќни да имаат баби и дедовци – и оние што се среќни самите да бидат баби и дедовци, знаат колку е влијателна и важна врската помеѓу бабите и дедовците и нивните внуци. Но, не се сите баби и дедовци исти, а сите тие играат различни улоги во животите на своите внуци. Во 1965 година на Универзитетот во Чикаго, Бернис Неугартен, предводејќи тим на геронтолози, спровел студија за бабите и дедовците и различните обрасци на нивното однесување кон внуците. Ова се 5. вида:
„Формални“ баби и дедовци
На ова повеќето луѓе помислуваат кога ќе кажете баби и дедовци. Ваквите баби и дедовци ги присвојуваат традиционалните улоги, верувајќи дека има соодветни водичи кои бабите и дедовците треба да ги следат. Тие обезбедуваат заднинска поддршка, ги носат внуците на повремени излегувања, играат улога и кај своите деца и во животите на своите внуци, но не се премногу вклучени.
Забавни баби и дедовци
Ваквите видови баби и дедовци често се забавуваат со своите внуци. Сакаат да го разбудат детето во себе и да ги занимаваат своите внучиња. Нивните внуци знаат дека секогаш ќе си поминат квалитетно и забавно време со нив.

„Сурогат родител“ – баби и дедовци
Од некоја причина, овие баби и дедовци ја преземаат улогата за грижа на своите внуци. Тоа значи дека тие имаат повеќе родителска фигура и односот со нивните внуци е посличен на односот родител –дете.
„Резервоар на семејна мудрост“ – баби и дедовци
Овие баби и дедовци се авторитетот и главата на семејството. Тие доделуваат совети и имаат одредени идеи за тоа како некои работи треба да се прават.
„Дистанцирани“ баби и дедовци
Овие баби и дедовци играат мала улога во животот на своите внуци. Тие се среќаваат со нив на специјални поводи, како празници и родендени.