Здравје

Фокусирајте се на здравјето на вашето дете, а не на неговата тежина

Неодамна, „ВВ“, компанија претходно позната како „Вејт вачерс“ воведе апликација за „здрав тренинг“ за деца наречена „Курбо“. Очигледно е наменета за губење на тежината, иако диетите не се соодветни за многу деца и може да доведат до нарушувања во јадењето. Здравите пристапи за управување со тежината на децата треба да се фокусираат на градење здрави навики во исхраната и вежбање, а не диети.

Доколку сте загрижени за тежината на вашето дете или што јаде, разговарајте со неговиот доктор. Професионалец може да ви помогне да откриете дали на детето му е потребна помош со тежината и каков тип помош е најсоодветна.

Добра програма за телесната тежина кај децата се приспособува на возраста на детето и:

– Вклучува различни даватели на грижа, вклучувајќи психолози и нутриционисти;
– Ги проценува тежината, растот и здравјето на детето во текот на целата програма;
– Му помага на целото семејство да изгради здрави навики за јадење и вежби што ќе траат дури и по завршувањето на програмата.

„ВВ“ вели дека нивната апликација се базира на успешна програма од Универзитетот „Стенфорд“ што користи систем-семафор за да им помогне на децата да препознаат висококалорична храна што нема доволно хранливи материи. Но, постојат многу големи разлики помеѓу оваа апликација и личната програма што ја надгледуваат лекарите. Програмата од „Стенфорд“ ги набљудува децата како што влегуваат во неа, тие редовно одат на едукативни сесии и програмата го вклучува целото семејство. Апликацијата нема да го направи тоа. Ниту, пак, може да ги забележи знаците на нарушена исхрана.

Избегнувајте диети

Американската академија за педијатри забележува дека диетите се ризик-фактор за нарушување во исхраната и за дебелината. Ова е така дури и кога детето нема прекумерна тежина, па затоа е важно да почнете разговор со вашиот педијатар.

„Курбо“ ја категоризира храната според семафор-систем, со зелена боја за храна што може да се јаде во неограничени количини (претежно овошје и зеленчук), жолта боја за храна што може да се јаде, но треба да се следи и црвено за храна што не треба да ја јадете во големи количини. Категоризирањето на храната како „добра“ и „лоша“ е исто така карактеристично за нарушување во храната. Лесно може да почне да се гледа „лошата“ храна како забрането овошје.

Имајте семејни оброци

Јадењето заедно им помага на децата да развијат здрави навики во исхраната, а децата што јадат со своите семејства имаат помала веројатност да создадат нарушувања во исхраната. Семејните оброци ви даваат можност да служите здрава храна и децата да ја гледаат таа храна на масата. Плус, семејните оброци се можност за социјално поврзување.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top